НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

0
By Marija Todorovska on July 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се мошне голем финансиски товар за обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.

Сите оние вештачења кои се однесуваат за Кочани и кои се однесуваат за Онкологија веќе се изработени. Колку што имам информации за предметот Онкологија веќе е закажана главна расправа. Меѓутоа тие вештачења имаат одредени трошоци коишто се да речам вонредени трошоци имајќи во предвид дека се многу скапи со оглед дека се работи за вештачење во друга држава, рече Коцевски.

Во однос на предметот за трегедијата во Кочани, кој со одлука на Врховен беше доставен на оценка до Кривичниот суд во Скопје, тој кажа дека се уште се очекува оценка на обвинителниот акт, како и дека се размислува од страна на Републичкото обвинителство да се одлучи и по однос на надлежноста дали да остане ЈО Кочани или да се делегира на ЈО Скопје, со оглед за постапување по евентуалните жалби.

Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, со тоа што сега од наша страна размислуваме дали ЈО треба да делегира друго ЈО имајќи предвид дека Врховниот суд одлучи дека ќе биде надлежен Основниот кривичен суд Скопје, со тоа што проблем, ако нема делегирање, ќе биде по жалби кој ќе одлучува, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип. Тоа останува на ЈО, односно на мене како Државен јавен обвинител да одлучам во однос на делегирањето на ЈО, рече Коцевски.

Засега, Коцевски рече, дека Судот се уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт и дека, засега се уште е надлежно ЈО во Кочани, и предметот од Кочани е доставен до Основниот Кривичен Суд Скопје.

За предметот во Обвинителството за организиран криминал и корупција околу полициските службеници, тој кажа дека предметот е се уште во истрага, и очекува некаде околу септември годинава таа да заврши.

Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје, рече Коцевски.

вештачење Коцевски Кочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.