Ана Чупеска: Имаме модел на нормативен и либерално концепиран мултикултурализам кои преку институтите на споделување на моќта (power shering), гарантирано претставување и редуктивното вето (бадентерово) успеваме низ институциите да ги акомодираме тие разлики. Во врска, со мултикултурното заедништво, за жал, сè уште немаме задоволително ниво на интеркултурна комуникација во општеството и покрај заложбите на претходната влада предводена од СДСМ. Оваа Влада, сметам дека тоа сериозно го запоставува, и се чини како да се труди дополнително да ги продлабочи разликите во општеството, наместо да гради конкретни политики на интеркултурализмот.
Извор: Фронтлајн