Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интердисциплинарен и мултимедијален фестивал на КИЦ Скопје – „Културен амалгам 2025“

0
By Marija Todorovska on July 15, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 15, 2025 13:07

Културно информативнит центар – Скопје влезе во нова приказна со нов проект во своето портфолио кој има интенција да стане традиционален. Овој пат тоа е „Културен амалгам“ – фестивал кој се реализира во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија.

Во својата основа патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во Македонија, а преку поставување темели на соработка во различни средини и низ различни градови. Соработката преку овој меѓуинституционален и мултимедијален проект треба да постави темел за нешто што во иднина може да се аплицира низ различни градови во Македонија, а по примерот на Кратово, Крушево, Битола, Скопје, да се вклучат и други градови и места, наведуваат од КИЦ Скопје.

Местата на кои ќе се одвиваат проектните активности, како што се посочува, ќе бидат сродни културни установи во кои веќе се одвива културна програма, а преку потпишување на овој меморандум за соработка.

Целта е таквите места да се оживеат и да станат потенцијани почетни точки за самооорганизирање и културно делување. Фестивалот ќе придонесе за развој и унапредување на дејностите од областа на културата на територијата на Македонија, како и презентирање и афирмирање на уметничкото творештво преку изложби, проекции, работилници, трибини… Проектот треба да добие и поширок, регионален/интернационален карактер, и да постави темели за понатамошни активности и соработки, се посочува во соопштението.

Оваа година, како што посочуваат организаторите, се планирани два града и сродни културни центри: Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центар за култура од Крива Паланка. Фокусот или тема за проектот за оваа година ќе биде фотографијата, нејзиниот историски развој и алтернативните техники, што се’ повеќе се популаризираат и враќаат на сцената.

Согласно програмата, во Културно информативен центар – Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена „ФотоСинтеза“, ревијална изложба на алтернативни фотографски техники во салонот Империјал 2, а во 21 часот во Салон 19:19, е премиерата на документарниот филм за Јанаки и Милтон Манаки „МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ“ во режија на Роберт Јанкулоски кој заедно со Илинденка Петрушева, е автор и на сценариото.

Според календарот , патувачкиот фестивал на 26 јули ќе гостува во ЛУ „Градски музеј“ – Крива Паланка, а на 7 август во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово. Завршниот настан се предвидува да се одржи во „Културно информативен центар – Скопје“, Скопје во текот на септември.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

КИЦ Скопје културен амалгам мултимедијален фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.