НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мини делница – макси пропаганда

0
By Zoran Ivanov on July 15, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Туку, друго ми е зборот. Овде пишуваме за 20 (а не е ни толку) километри. Некој што доаѓа од нормална земја, сигурно ќе помисли дека се работи за печатна грешка и дека веројатно се работи барем за 200 километри.

Џабир Дерала

Го читам текстот на колегата Дехран Муратов, насловен „Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер“. Одличен, како и секогаш, Дехран прецизно ја слика гротеската на македонската политика и евтиниот политички пропаганден театар на власта за делницата од автопатот со должина од неполни 20 километри.

Во текстот, нашиот новинар ја отсликува македонската политичка реалност и преку турканицата околу заслугите за тоа кој, всушност, го изградил патот.

Па читателот ќе заклучи дека патот се градел повеќе од една деценија. И дека во првата проекција бил некои „ситни“ 375 милиони, ама стасал до 600 милиони. Кинески пари. И добро ќе ни дојде потсетувањето дека тоа е тој пат за кој Груевски се фемкаше да не е провизијата од 5% (15-18 милиони, веројатно евра) премногу.

Хахаха, евергрин се муабетиве, нели?

И прочитајте го текстот на Дехран, да не го прераскажувам сега тука. Ене го линкот, во првата реченица.

Туку, друго ми е зборот. Овде пишуваме за 20 (а не е ни толку) километри. Некој што доаѓа од нормална земја, сигурно ќе помисли дека се работи за печатна грешка и дека веројатно се работи барем за 200 километри. И тогаш би било смешно. За 11 години – или колку беа – со толку голема инвестиција – 600 милиони – сите се истепаа да се пофалат. Од друга страна, кога можеа онака да се фалат за двата километри (да, двата!) до Блаце, ова за нив е Пан-Американска магистрала (30.000 километри).

Малку податоци за споредба. За 10 години, во Индија, од 2014 до 2024 година се завршени повеќе од 95.000 километри автопатишта, а во САД, од 1980 до 2008 (20 години) се завршени повеќе од 100.000 километри. За 11 години, Германија изградила автопатишта во должина од 3.800 километри, од 1930 до 1941 година.

А Нашата земја изгради пропаганден систем што сантиметрите ги претвора во километри – во секоја област.

Буквално сите што некогаш седнале на фотелја во изминатите десетина години, сосе оној во Будимпешта, се грабаат за заслугите – дека тие изградиле делница од патот што просечен човек пешки ќе го помине за 4 часа. Другар ми Јане рече дека може да го помине и за помалку.

Луѓе, се работи за неполни 20 километри пат. За кој политичарите од сите ќошиња на политичкиот спектар се фалат дека го изградиле. Мислиш дека самите земале казми, лопати, багери и камиони, па го граделе 11 години.

Не го изградиле фирми со пари на граѓаните, туку тие. Така испаѓа. Но… Ништо тие не изградиле! Само системот за мачкање очи и крадење функционира.

И да повториме: Не се 2.000 километри, а не се ни 200, туку само неполни 20… А кренаа прашина до небо.

Да читав дека ова се случува во друга земја, ќе се смеев, ама многу ќе се смеев. Вака, океј, се смеам, ама кисело.

Бидејќи знам… За политичка фарса не е пресуден бројот на километри, туку бројот на микрофони, односно пропагандни усти што не престануваат да ломотат.

И си велам, кога дваесет километри пат стaнуваат Пан‑Американска магистрала, тогаш нешто длабоко и суштински е болно во оваа земја.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.