Јована Тренчевска: Минималната плата од 24 илјади денари не е доволна за пристоен живот на едно семејство. ВМРО-ДПМНЕ не само што ги одби предлозите за зголемување на платите, туку и ја игнорира реалноста со која се соочуваат работниците. Тие постојано одбиваат да ги поддржат мерките кои би им помогнале на најзагрозените категории. СДСМ двапати поднесе законски предлог за зголемување на минималната плата, но истиот беше одбиен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во време кога синдикатите и работниците повикуваат на зголемување на платите, а инфлацијата постојано расте, кога секојдневно цените во маркетите вртоглаво се зголемуваат, оваа влада демонстрира целосна незаинтересираност и социјална глувост. „Кошничките“ кои Владата ги најавуваше – есенска, новогодишна, пролетна – не дадоа резултати. Особено кога ваквите мерки ќе престанат, цените повторно растат. Ова е доказ дека немаме долгорочна стратегија. Дополнително, со ребалансот на буџетот не се обезбедуваат реални решенија за граѓаните, туку се преместуваат средства без визија и без чувство за приоритетите. Владата треба да покаже вистинска грижа за граѓаните, особено за оние кои едвај врзуваат крај со крај, а не да се крие зад статистики и шминкање на реалноста. Сиромаштијата и малите плати се реалност. Неспособноста на владата е реалност.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.