НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Идентитетска Резолуциуја – најновата антиевропска финта на Мицкоски и другарите

0
By Zoran Ivanov on July 19, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Запнале на сила да  се туткаат во скутот на Софија.

А оттаму веќе стопати им рекоа гитла. Гитла, работа си имате со Брисел, не со нас.

Тие пак запнале ќе се договореле со Софија. Со неа ќе средувале. Со Софија. Не со Брисел.

По дипломатското фијаско со „вековен“, сега, најново, пак чепкаат каде што не треба.

Резолуција ќе барале заедничка со Бугарија. Да пишувало „вековен“.

Да гарантирале Бугарите дека ако си ја завршиме уставната обврска, немало да не стопираат за во ЕУ.

И од кого тоа го бараат? Од џелатот наш идентитетски. Од него милост бараат.

И пак џабе коленичат.

Џабе се понижуваат и гордо не` брукаат.

Пак се туркаат во ќорсокак.

Повторно наивно, лаички или сепак смислено за случајно да не` почнеме ЕУ преговори.

За мотивите си знаат тие.

Си измислија нова финта за која однапред знаат дека не поминува.

Но затоа знаат дека како со она со Стразбур, сега пак ќе си докупат уште грст антиевропско време па Мицкоски пак си се подместува кај Радев за пак, како неодамна во Европскиот парламент, да им бидеме идентитетско мезе на бугарскиот шовинизиран политички ешалон.

И ај што тие се понижуваат и што гордо коленичат молејќи ја Столицата за билатерална соработка, и ај што оттаму стопати ги откачија со пораката дека адресата не ни е Софија туку дека ни е Брисел, тие пак упорно Софија, па Софија.

Што ли политика, што ли дипломатија антимакедонска тераат само на ЕУ патот да не згазиме. И дипломатијата ја турнаа во служба на локалните.

Во меѓувреме, политичка и историска Софија си трие раце. Колку подолго сме во дијалог само со неа, колку сме од Брисел подалеку, толку подолго ќе не` препелкаат во нивните негаторски антимакедонски доктрини.

Идентитетската Резолуциуја е уште една антиевропска финта на Мицкоски и другарите.

Уште едно време наше македонско изгубено.

Улави ли се или само префригани се?

За улави, улави сигурно не се.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.