Овоа ДПМНЕ е исто како и оноа на Груевски со “циганите за уши“, со “абе се држат за рачиња одат и гласаат, душички“, со блокирани лифтови и 75 сместени во гарсоњера со екстра нови лични карти, со камиони истурени песоци на автопат, со кинење пломби на избирачки кутии.
Борче Трајковски
Со сила убавина не бива. Со инат ич. И со сила и со инат не работиш ништо за себе, напротив, работиш за противниците. Ако не знаеш да калкулираш, да проценуваш, да пресметуваш, да мериш и да сечеш, си ги испуштил конците и веруваш дека се движиш, а всушност тапкаш во место, паѓаш, тонеш. Да го победиш ова ДПМНЕ на избори, е утопија за лаици, а камо ли за назначени лидери на некогаш силни политички партии, како СДСМ например.
Да го победиш ова ДПМНЕ на избори, знаејќи ја целата нивна тазе изборна историја, плус кога на конто прокнижија 7 милијарди евра зајмови, ја товарија државата со грдни кредити без објаснување со какви обврски ги оптоварија жителите, за сега, пред избори да ги делат на централните и локалните управи, ко Циле Тупурковски мениците од кредитите од Тајван, и да се надеваш дека со анонимуси кандадати ќе ги победиш, е забегана работа, освен, ако си дел од сценариото на веќе скиснатото “Курто, па Мурто“…
Овоа ДПМНЕ е исто како и оноа на Груевски со “циганите за уши“, со “абе се држат за рачиња одат и гласаат, душички“, со блокирани лифтови и 75 сместени во гарсоњера со екстра нови лични карти, со камиони истурени песоци на автопат, со кинење пломби на избирачки кутии. Овоа ДПМНЕ се остава да оди само на избори без противкандидати од СДСМ и од која било друга партија, за да не се чувствуваме поразени. Им се препушта целата власт, а познавајќи ги сами ќе заглават во милијардите евра, алчни се, и ќе им прекипат и позиции, и централни и локални функции, со илинденската патриотска егоистичност, зошто тој поише а ја најмалку.
Нејсе, единствената исправна одлука на сите конкурентски партии на овие избори е да се откажат од учество во нив, и да го подготвува мкд пучанството за нова, поголема “шарена револуција“. Ништо друго. Од тој скиснат и стар инкубатор на Бихаќка мора да се испили правата Социјал демократија, а пердувите на предавниците, шпиуните и лажните социјалдемократи, да се разлетаат “куд који мили моји“. И да се казнат исто како и апашите од ДПМНЕ, како соучесници во огромниот грабеж од бомбите, и овој што следи…
Значи, пополецка, преспано, разгледано, анализирано, пресечено. Избори ЦК…
А Боки, како што знаете, никад не утнал…
Тенкју…
Од Фејсбук ѕидот на авторот