Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без никаков научен основ се шири страв за наводно проблематизирање на националниот идентитет

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 20, 2025 20:02

Со соседна Србија во периодот 1945-1990 во основа се разграничија националните истории меѓу републиките, иско допрва тој процес ќе продолжи, да се надеваме на научна основа меѓу нациопналниѕе академии и меѓуиневрзитетската соработка. Бугарија продолжи со присвојување на македонската национална историја, со тоа што македонскиот национален идентитет ги смета за “производ” на Коминтернатс и комунистичка Југославија.

Тито Беличанец

Историската комисија основана врз одредебите од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е билатерално научно тело кое вообичаено се формора кога има различни толкувања на историјата за период кога две или повеќе народи и нации биле под ист окупатор и против кој се бореле.

Покомплициран е случајот со Македонија зошто соседна Бугарија порано формирала држава и напишала своја историја во која делот од денешна Македонија којшто со меѓународен договор после Втората балканска војна станала дел од Србиј а после Првата светска војна дел од Краљевина Југославија. Бугарската исторографија тој дел и како и Егејскиот и Пиринскиот дел ги смета за “окупирани” делови од соседните земји.

По распадот на Краљевина Југославија во текот на НОВ се формира првата АСНОМСКА македонска држава како федерална единица на ФНРЈ/СФРЈ. Во овој период Македонската Академија на Науките ја напиша првата национална историја.

По 1990 по распадот на СФРЈ федерална Македонија се издвои и прв пат стана самостоен меѓународен државен субјект.

Со соседна Србија во периодот 1945-1990 во основа се разграничија националните истории меѓу републиките, иско допрва тој процес ќе продолжи, да се надеваме на научна основа меѓу нациопналниѕе академии и меѓуиневрзитетската соработка.

Бугарија продолжи со присвојување на македонската национална историја, со тоа што македонскиот национален идентитет ги смета за “производ” на Коминтернатс и комунистичка Југославија.

Во процесот на меѓународното признавање на Македонија како држава и членување во НАТО и ЕУ, каде за пристапот се одлучува консесуално Бугарија го злоупотреби својот глас. Под силен притисок на САД, Германија и Франција се склучи Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија со кој историските прашања се издвоија од пристапот на Македонија во НАТО и ЕУ и во било која меѓународна организација. Тој пристап е прифатен и во Преговарачката рамка за влез на земјата во ЕУ.

Да заклучам: Историската комисија е билатерално стручно тело составено од историчари, кое одлучува консесуално, и одлуката мора да ја конфирмираат Владите на двете земји, по што станува прифатен став по одредено историско прашање по кое постоела разлика. Можно е секоја страна да го задржи својот став и толкување.

За мене не е спорно дека на научна основа без идеолошки оптеретувања треба да се преиспитаат бројни прашања од македонската историја пишувана во периодот 1945-1990.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

идентитет колумна Тито Беличанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.