Зоран Иванов
Прво,
Нашиве патриоти нашминкани од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти легитимната ЕУ мултилатерала каде што темите историја, јазик, идентитет не се теми, да престанат да не’ туркаат во билатерален дијалог со Бугарија, да запрат да ни го бербатат македонството со дипломатското форсирање дали не’ имало и дали не’ има, да се кренат од коленичењето пред џелатите на нашиот македонски идентитет и да престанат да не’ подместуваат како некакво мезе на бугарската негаторска софра со некакви вековни или актуелни предлози и, згора, да ни го приредуваат тоа токму овие маскирани во патриоти кои до вчера гордо пафтаа со бугарски знамиња и чии лични идентитети уште висат по бандерите во пиринските села и софиските окрузи;
Второ,
Шефот нивен партиски, премиерот актуелен господинот Хростијан, конечно да проговори дали благонадежно аплицирал за бугарски „паспорт“; и
Трето,
Доброутро за интелектуалките, професорките Македонки Сабињанки.
ПС. Ценетите дами од третата на текстов, да се обидат да си ја подразбудат и ценетата колешка сега на службен пикник на Водно, да си ја потсетат дека е крајно време да си ја активира надлежноста, да си ги повлече за ракав посочените во првите две точки од овој текст, да се обиде да ги подзапре во поигрувањето со идентитетот наш македонски, со понижувањата пред светот исто и да го стори тоа бргу додека овие од „Прво“ и додека и тој од „Второ“, токму идентитетски, скроз не не’ шитнале на Бугарија.