Не разбираат дека токму ние кои сме надвор од партиските јасли ја кроиме и нивната и нашата судбина, ама кога ќе дојде денот за гласање, мислиш сите тивко шепотејќи трчаме да гласаме за едните, односно за другите, губејќи ја смислата на сопствената вредност, дека токму ние, симпатизери на едните и другите, членови или неутралци, пред кутиите сме моќтта која во тој миг ја предаваме, за да молчиме 4 години, да кукаме, да се жалиме, да ја кажуваме вистината, и да чекаме следни избори. И пак исто. Рингишпил …
Борче Трајковски
Пензионери збор 1
Повикувам на формирање НПЗ, Независно Пензионерско Здружение. Надвор од онаа кобожемска политичка партија на пензионерите и од кобајаги пензионерските здруженија кои ни се познати, а и едните и другите си играат кур/ташак со сите кои поим немаме за нивното постоење. Да, да, мора да се преброиме. Првиот собир ќе го организираме во паркот на жената, со познатите пензионерски игри, шах, табла, сана/бана, петка/глава, за да не’ видат колку сме и дека не сме со нив. За да видат дека пензионерите не се мртви, туку живи суштества кои сакаат и бараат да ги почувствуваат благодетите од економскиот лажен развој на државава, а не да гледаат како шака пензионерска јада ужива во нив, како политичарите од сите позиции го кркаат месото а ние зелката за да претстават просек сарма… Абе ај…
Пензионери од сите категории, ЗБОР!
Е више… Тенкју…
Пензионери збор 2
Често пати се прашувам како е можно, здрав човек во умот, да не разбере какви политички манипулатори не’ возат 35 години. Како е можно свесни гласачи, да се продаваат за сендвиќи, за гајба пиво, за сладолед, за ботиљка брља, за ташак вработување по договор као чистач, секретар, за браво Боки, како им го плесна, свака час, а напумпаните со ботокси манекенки и радодајки како лични секретарки, шефици на протокол, дипломатски претсаванички, и сите молчиме. Слушаме, гледаме, не дерат на секој чекор, а трчаме да се сликаме со џелатите. Што народ ќе бевме? Пратениците и министрите за година дена толку многу се прошируваат, да не можеш да ги препознаеш од денот кога ги фатиле тие фотелји. Се шират, бе, без срам и перде у волумен, не у ментален капацитет, а ние треба да им го мериме умот. Хе, измерете им ја тежината тогаш и сега, и дигнете нога, клоца у г’з, и кош у контејнер. Од такви к’ркачи никој не видел аир, нит оние што ги имаат по дома, а најмалку ние што сме ги избрале за таму. За нив станови, куќи, вили, хотели, згради, екстремни патни трошоци, луксузни бутици и молови, за нас ашуле од курац на волови…
Толку многу паметни статуси ќе прочиташ низ социјалниве мрежи, а ваму кога ја гледаш ситуацијата на јаве, испаѓа како сон. Не мисли секој онака како што пишува. Пушти му паричка, например, дај му некое местенце, и чекај да видиш како брзо ги менуваат и статусите и мислењата.
Сите сме претворени во џубокси и пееме по нарачка. Некој треба да ни стави жетон, да стисне две копчиња и да му исполниме музичка желба. Има и такви мислители и критичари кои гласно извикуваат: Па ако знаеш како и со кого, земи направи партија и излези на избори, па да видиме кој ќе те гласа. Не разбираат дека токму ние кои сме надвор од партиските јасли ја кроиме и нивната и нашата судбина, ама кога ќе дојде денот за гласање, мислиш сите тивко шепотејќи трчаме да гласаме за едните, односно за другите, губејќи ја смислата на сопствената вредност, дека токму ние, симпатизери на едните и другите, членови или неутралци, пред кутиите сме моќтта која во тој миг ја предаваме, за да молчиме 4 години, да кукаме, да се жалиме, да ја кажуваме вистината, и да чекаме следни избори. И пак исто. Рингишпил …
Додека имавме студенти, имавме и надеж дека младите се покренувачка сила и енергија, моќ која ќе застане против криминалот, апашлукот од политичките позиции, против башибозукот и анархијата на таканаречените политичари, тпротив појава на каков било облик на режим. Арно ама, системски ги “елиминираа“ и нив, ги загушија, им го покажаа едноставниот пат до диплома без знаење и без мака, па наместо прави студенти полни со знаење, разум и зрелост, имаме бруцоши и апсолвенти кои возат онолкави мотори, бесни коли, и чекаат да помине времето кога од некој приватен универзитет ќе им биде отпечатена дипломата, а мама тато и другарчињата од партија одма ќе ги сместат на позиција. И што можеме да очекуваме од такви млади паразити? Па да, токму ова што пред нос ни се случува, а нема кој да крене глас, да врисне. Политичките партии изгубија авторитет и доверба и единствено според што се ценат е кој како се уштекал во нивните редови за да дојде до одредена позиција од каде ќе го тови вратот и мевот, ќе изигрува таквоипол, а не вреди ни пола. Незнајковци глумат сезнајковци, крлежи зрачат со авторитет. Се спомне ли “тендер“, сите знаеме дека веќе е одредена цената за во нивните џебови, а нас ќе ни шиткаат чесност и правичност…
И не се зезам кога ги повикувам пензионерите на “збор“. Ние сме последната надеж која треба да ја искористиме за некои рабопти да се исправат, ама не оние пензионери кои излегле од коалциија со СДСМ, па влегле во коалиција со ДПМНЕ. Не. Има голем број транзициски пензионери кои не по своја вина го крпат секој месец и се жртви на политички башибозуци со минимални пензии…
Има уште многу зошто верувам дека пензионерите се последната здраворазумна сила и моќ која мора да нешто да промени. Да ги привлече и студентите и останатите самосвесни. Сите предлози се добродојдени, и слободно пишувајте ги во коментари. Нека читаа сите. Нас нема да можат како студентите да не’ загушат, а ќе се обидат…
П.С. првиот официјален состанок предлагам да се одржи во првата недела во септември, за да се договорат термините а отпочнување протести и утврдување на барањата на здружението…
Тенкју…
Од Фејсбук ѕидот на авторот