Published: Sunday, April 26, 2015 14:13
Според статистиката на Државната изборна комисија (ДИК) до 13 часот на референдумот за ГТЦ излегле 9.043 граѓани на Центар или 20,76% од гласачкото тело.
ДИК информираше дека досега гласале затворениците со право на глас на референдумот во Штип, Кумановo и во скопска Шутка, однодно од 45 гласале 38 затвореници, а своето право го искористиле и седум болни и изнемоштени лица кои гласале во својот дом.
На денешниот референдум се гласа со ЗА и ПРОТИВ на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“




