НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трибините – огледало на политиката

0
By Blerina Tahiri on August 5, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФАТМИР БИТИЌИ

Џорџ Орвел уште во 1945 година забележа дека во време на националистички занес, спортот лесно може да стане „војна без пукање“. Не затоа што спортот по својата природа е агресивен, туку затоа што страста, ослободена од инклузивни општествени вредносни референци, лесно се претвора во орудие за понижување, исклучување и симболична елиминација на „другиот“, на различниот.

Она што го видовме на Денот на Републиката не беше спорт, тоа беше јавна деградација на соживотот, извици што потсетуваат на мрачни моменти од историјата, изговорени гласно, без срам и воздржување. На 2 август 1903, Илинденските востаници не повикуваа на уништување на „другиот“, туку на ослободување и сплотување на сите против репресивниот систем. Срамно што на овој симболичен ден трибините прераснаа во инструмент за ослободување на системски потиснатите предрасудите што политиката премногу долго ги толерира и репродуцира.

За жал, не може да зборуваме за изолирана навивачка еуфорија, напротив, за симптом на една политичка патологија на ерозија на вредностите во јавниот и политичкиот простор.  Во овој контекст, омразата станува легитимен говор, а трибините огледало на политиката.

Инцидентите со голем ксенофобичен набој, никогаш не остануваат изолирани. Тие произведуваат претпоставки за повторување, за симетричен одговор од „другиот“, за продлабочување на непријателството и нетрпеливоста кон различностите. Денес се случуваат во една сала, утре можат да се случат на улица, на работа, во училиште. Затоа што кога еднаш ќе се нормализира омразата, тешко може да се задржи во било кои нормативни граници, а уште помалку морални.

Овој амбиент не се создаде преку ноќ, тој е резултат на една подолготрајна политичка инерција, во која партиите многу лесно се ослободија од обврската да ја обликуваат јавната етика, односно  дозволија таа да биде разградувана пред нивните очи. Говорот на омраза со години се шири во сенките на политичката удобност, секогаш под изговор дека „има поважни прашања“, дека „не е време“, дека „ќе се реши после избори“. Така трибините станаа простор каде што се изговара она што националистичките политички елити, повеќе или помалку, го посакуваат.

Најголем дел од партиите, без разлика дали се на власт или во опозиција, со својата вредносна воздржаност всушност ја легитимираа трансформацијата на јавниот простор во етничка арена на пресметка. Калкулирањето со ставови, молкот пред очигледни навреди и тактичкото дистанцирање од сè што би можело да ја налути „сопствената база“ претставува пораз на демократската политичка суштина. Онаму каде што моралната вертикала се заменува со анкетна логика, омразата секогаш наоѓа простор да пушти корен.

Во таа смисла, претконтекстот на претстојните локални избори веќе ги надмина прашањата на програмите и кандидатите.

Општеството повторно го постави тестот за вредносниот капацитет на партиите дали ќе продолжат да се движат по инерција или конечно ќе заземат јасен став. Дали ќе зборуваат како арбитри на заедништво меѓу сите различности на Македонија или ќе молчат во име на изборната удобност.

Истовремено, спортот не треба да се откаже од својата општествена улога. Напротив, мора повторно да се разбере како поле на цивилизациско градење, како простор каде што се практикува почит, дисциплина и заедничко искуство помеѓу различностите. Тоа ќе стане полесно ако и федерациите, клубовите, спортските институции и медиумите ја разберат својата одговорност и делуваат превентивно и едукативно.

Џорџ Орвел не нè предупреди за спортот, туку за политиката што молчи тогаш кога страста станува алатка на омразата. Не е опасен самиот спорт, туку начинот на кој е оставен од државата без инклузивно вредносно водство, без јасна етика што го насочува кон заедништво, а не кон пресметка со „другиот“. Трибините, колку и да изгледаат хаотично, секогаш зборуваат со јазикот што политиката го дозволува.

Затоа, пораката од Куманово не смее да се повтори  ниту на трибини, ниту на улици, ниту било кое друго место во татковината.  Омразата што се слушна таму е само ехо на она што премногу долго се премолчува во политиката.

Секој следен натпревар без разлика кој игра, дали национална репрезентација или клуб, каде се одржува и која е публиката, мора да биде простор исполнет со спортски дух, а не симболична арена за навреди и поделби.

Пред нас е избор, или ќе изградиме јасна, недвосмислена брана пред омразата и на спортските терени, или ќе дозволиме таа да не повлече со себе, да ни ги разгради темелите на заедништвото. Македонија има право на различности, во тоа е нејзината сила, но го нема луксузот за нови поделби кои се хранат со политички калкулации. Време е да се каже јасно „не“ на омразата, на национализмот, и пред сè, на индиферентноста што го овозможува нивниот раст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.