Драган Спасов Дац: Кога лавот е млад, сè се тресе од неговата рика.
Тој лови, заповеда, тој е крал.
Но потоа доаѓа друго време.
Неговите чекори стануваат бавни, погледот му бледнее, а риката му станува сè потивка.
И тогаш доаѓаат хиените.
Тие не чекаат да умре.
Тие го растргнуваат и го јадат.
Ја бришат неговата легенда.
Она што му се случува на лавот… ни се случува и на нас.
Еден ден повеќе нема да бидеме најсилни.
Ниту најубави.
Ниту најуспешни.
Животот се врти.
И никој не може да избега од тоа.
Затоа, додека сè уште има време:
Љуби.
Прости.
Почитувај.
Зашто ниеден престол не е вечен.
Еден ден нема да нè судат според тоа што сме го имале, туку според тоа што сме го оставиле во срцата на другите.
Извор: Фејсбук