Незаинтересираноста за постоење на леви – леви надвор од сопственото постулирање на лева – левост, ја поништува вистинитоста на тој постулат за себе. Левите – десни од Левица, во основа самите си ја демаскираа инсентивата за признавање на олигархополот врз база на концесиите од десницата, т.е.: Принудена во рамки на олигархиска држава да не се ‘рчка со олигархополот, туку со политичките опоненти, Левица како партиска хиерархија и актива е во стапица од видот Квака 22 слично на проблемот со сопственоста врз ВИ и роботите. Всушност, искрите на автентична лева сила се раствараат со истите методи како за останатите, вклучувајќи ги и ВИ и роботите. Олигархополот е моментално просторот во кој сите егзистираме.
Емилија Целакоска
За разлика од социјалдемократската идеологија која го признава капитализмот, но не го врзува директно со олигархопол, низ призма на морално застапување дека олигархијата и капитализмот се во еквиваленција, кај нас, Левица пласира теза дека левите – леви (автентични леви) се токму тие, а социјалдемократите се левите – десни (кооптирани од десницата) во оваа приказна.
Би било лесно работата да биде така чисто категоризирана, но не е. Чистите категории се и така десничарска популистичка иновација. Понатаму, соработката на Левица со десничарската ВМРО-ДПМНЕ и подолго време пред изборите беше евидентна, правејќи отстапки и на локално ниво со политики што немаат врска со левото, а го зајакнуваат десното. На пример, што има лево во споменикот на Ќосето?! Што има Левица од 100%-на согласност на куп десни несоцијални одлуки, ако не концесии од десното? Или, номинално, дури, што лесно може да се избегне, што има една левица да присвојува терминологија („СДС”) кон социјалдемократите, терминологија која е иновирана од десницата? И тоа, во десничарски манир, чистокатегоризациски, недискриминативно? Зошто не оставаше простор дека социјалдемократите не се исклучиво кооптирани од десното? Може ли да не се потресува од претпоставка за истражување дали, можеби, социјалдемократите бројно имаат повеќе автентична лева сила?
Има и многу други моменти со типични десно манипулативни искази на корпорални хорори (стрелање, плукање крв од деца итн ), како и други возења на кјуанон-десничарски вајбови за крпење на не нужно антиолигархиска „револуција”. Без мисла за наредниот систем во кој левото би одлучувало, „анти-естаблишмент” сентимент е буквално мрза во борбата за нов, лев систем.
Незаинтересираноста за постоење на леви – леви надвор од сопственото постулирање на лева – левост, ја поништува вистинитоста на тој постулат за себе. Левите – десни од Левица, во основа самите си ја демаскираа инсентивата за признавање на олигархополот врз база на концесиите од десницата, т.е.: Принудена во рамки на олигархиска држава да не се ‘рчка со олигархополот, туку со политичките опоненти, Левица како партиска хиерархија и актива е во стапица од видот Квака 22 слично на проблемот со сопственоста врз ВИ и роботите. Всушност, искрите на автентична лева сила се раствараат со истите методи како за останатите, вклучувајќи ги и ВИ и роботите. Олигархополот е моментално просторот во кој сите егзистираме.
На левите – леви, како да им е негирано постоењето во облик на концентриран политички агенс, не само кај нас, туку и во цел свет, и тоа уште од „фазата” на посакувањето. Како левоста инхерентно да е неможна, како да е бајка, лебди некое уверување, иако на Левица мора да ѝ се признае поттикнувањето на надежта во овој дел. Што нѐ враќа на истражувањето: Што потоа, откако комунизмот + капитализмот изродиле олигархија во која е акумулиран 99% од капиталот. Не може веќе и автентичните леви сили да чекаат алва од неа како прекаријатот. За „алва за сите” е развикана политичката десница и таа тоа го извршува на принципот на минимум преживување – со закони за распределба на 1% од ресурсите на 99% од луѓето.
Парадоксално, левите сили мора да се одвојат од тие вештачки „социјални” проблеми на прекаријатот за да инсталираат систем кој не се засновува исклучиво на среќните моменти од крпење недоволности во (бес)правата, (не)услугите и преживувањето, бидејќи десницата стана мајстор за левичарски пофалби за себе со минимум закрпи после расипикуќството.
Социјалистичкото преправање и глума во предизборието, апсолутно служи за воспоставување на политички конци за уште растење на олигархиското богатство и моќ накај 99.9%, што сведува и до 0.1% за оние кои и со делењето на „стариот добар” 1% одвај преживуваат.
И тоа е голема мака за автентичната лева сила. Со ваков пристап, левоста е сведена на нем филм во празна соба и затоа пред неа е предизвикот да се артикулира инвентивно јасно.
Продолжува и завршува во утрешното издание на Нова.тв.мк / Тема