Во продолжение демантот на битолскиот Центар за култура на текстот објавен на НОВА под наслов Битола: Новинар на ИНА спречен да следи настан во Центарот на културата:
Текстот објавен на веб страната на Нова Тв каде се вели дека новинар на ИНА е спречен да следи настан во Центар за култура не натера да реагираме со напис, во кој најодговорно тврдиме дека такво нешто не се случило.
Новинарот Фергим Демири дојде пред влезот на Центар за култура Битола, 20 минути после почетокот на претставата. Претставата почна на време, салата беше полна а вратите затворени. После почетокот на претставата се нема пракса на влегување гледачи, особено кога станува збор за монодрама каде имате еден актер на кого му е потребна силна концентрација.
Вработените во Центар за култура му рекоа дека доцни многу на што тој почна да вика гласно и да ги навредува со погрдни зборови и да им се заканува.
Центар за култура Битола, многу жали за овој настан и се надева дека во иднина нема да се повтори.
На денешните настани поврзани со фестивалот, новинарот Фергим Демири е уредно поканет како и сите други новинари во градот. Новинарот Фергим Демири денес присуствуваше на прес конференција организирана од страна на Центар за култура.
Фестивал на монодрама Битола
Центар за култура Битола




