Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За волците, јагнето, референдумот и Македонија

0
By Борјан Јовановски on April 28, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2015 11:48

Секое лошо за добро. Деновиве некако се ме навраќа на оваа поговорка онака набљудувајќи, а и доживувајќи се она што и се случува на Македонија во оваа нејзина агонија. Не знам дали е ова некаква автотерапија со која ќе си го задржам оптимизмот и ентузијазмот ама се ми се чини дека сме на добар пат.

Во неделата се гласаше во Центар. Граѓанската иницијатива пар екселанс доби поддршка од 17.000 граѓани што никогаш досега не му се случило на ниту еден политичар или политичка партија во оваа општина и покрај целиот финансиски и човечки капацитет вложен во другите изборни операции. Доколку власта не избегаше од овој граѓански предизвик во Центар, таа ќе загубеше со 2-1, нешто што тие многу добро го знаеја и затоа не се ни појавија на теренот.

По успехот на Студентскиот пленум, ова е втор многу конкретен резултат со кој едно граѓанско движење се потврдува себе си како важен општествен фактор. Стотина ентузијасти со мала или никаква логистика мобилизираа најголема бројка на гласачи кои излегоа да ја дадат својата поддршка за оваа иницијатива.

Со овој резултат сметам дека е ставен вториот темел на демократска Македонија, каква што не ја познававме во изминатите 25 години.

Студентскиот пленум кој ги инспирираше сите други пленуми, и сега Плоштад слобода со својата иницијатива, се зачетокот на современите демократски вредности во Македонија. Ова е тој процес кој не може повеќе никој да го запре или да го врати назад. Македонија едноставно добива граѓанство, одважно и достоинствено, какво што треба да биде во една демократска држава. Она што сега ни се случува, целата оваа агонија е смрт на партократијата која 25 години наназад ја држи Македонија во изолација и далеку од современите цивилизациски текови.

„Демократија е кога два волка и едно јагне гласаат што ќе се руча. Слобода е кога добро вооружено јагне ќе го оспори гласањето”, рекол уште во 16 век Бенџамин Франклин.

Така и кај нас, на она што кај нас беше формално правно дефинирано како демократија, сега му се случи супстанцата, а тоа е слободата која граѓаните решија да си ја дозволат затоа што ним им припаѓа. Од оваа искуство, единствено со горчина треба да прифатиме што требаше да се најдеме во ваква незавидна ситуација и дозволивме една политичка партија систематски да го понижува граѓанството третирајќи го како воен плен освоен во една од меѓупартиските битки.

Добро е да се запрашаме зошто требаше да се доведеме во овој очај за конечно да крикнеме.

Анализата која би не довела до дијагноза за оваа ретардација ќе биде една од важните лекции од кои ќе треба да се учи како да не дозволиме никогаш повеќе да бидеме доведени во ваква понижена позиција како граѓани, таква каква што ја преживуваме сега.

Студентите, по нив професорите, па наставниците па средношколците па центарците, пуштија глас. Мултипликацијата на овие гласови е процес кој никој нема да може да го спречи колку и ова да ви звучи оптимистички во оваа фаза. Македонија, иако можеби споро, сепак се става на шини кои имаат еден правец – систем на вредности.

Ја користам оваа прилика на крај да им оддадам признание на сите оние кои се одважија да и се спротивстават на партократијата онака како што доликува, вложувајќи се себе си со срце и душа и вон рамките на утврдениот партиски правилник чија единствена моќ се лукративните интереси.

Јагнето во Македонија сфати дека треба да се наоружа за да стави крај на праксата во која двата волци гласаат за дневното мени. Дебатите по центарскиот референдум кој волк е појак, може слободно да продолжат. Сите битни настани се проследени со фолклорни мотиви. Важно е јагнето се сети што треба да се прави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.