НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема прогресивна Македонија без прогресивна акција!

0
By Zoran Ivanov on August 15, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тажно е што огромната позитивна, прогресивна енергија, амбиент, кој се создаваше 2015 / 2016-та, денеска е претворен во апатија, изгубена надеж и ентузијазам. Тажно е што не смогнавме сили да го продолжиме патот на прогресот. Тажно е што се вративме на ужасното ништавило кое не опкружуваше пред десеттина години.

Горан Волканоски

На Србија и требаше 13 години да се разбудат и да ја започнат борбата за слобода, Демократија, правда!

Нам ни требаа 11 години да се разбудиме, да започнеме борба за слобода, Демократија, правда и прогрес.

Нашата трагедија е поголема од српската.

Ние, извојуваната слобода ја предадовме, ја фрливме на буниште како нешто невредно, безначајно. Како да се уплашивме од стекнатата слобода!

Како да го имаме “Стокхолмскиот синдром” Синдром на зависност на заробениот од заробувачот!

Да, како да уживаме во повторно стекнатиот амбиент на страв. Амбиент на закани за сите кои поинаку размислуваат.Па, побрзавме пред година дена да се вратиме во прегратките на “заробувачот”.

Отворањето на патот на прогресот, патот за создавање на правна држава, демократска држава, го обезвреднивме, девалвиравме, го УНИШТИВМЕ.Ги предадовме идеалите без кои нема политики кои водат кон создавање на држава со благосостојба и прогрес.

Ужасот е уште поголем кога човек ќе разбере дека се дозволи да ни се случува реприза на едно владеење кое не уназади во секоја смисла.

Бесмислени ми се сите обвинувања кон СДСМ, како виновник за состојбите кои денеска ги имаме.

Во околностите во кои СДСМ владееше се направи максимум во насока на решавање на клучните прашања од кои ни зависеше и сеуште ни зависи иднината. Грешките на СДСМ, никако неможе да ни бидат алиби за личната одговорност на секој поединец по однос на давањето или недавањето поддршка на процесите т.е.политиките кои се клучни за нашиот прогрес.

За тоа не ни е крив СДСМ!

За тоа што подпаднавме на пропагандата која создаваше илузии за тоа дека Македонија може да опстојува надвор од ЕУ интеграциите, пропаганда за тоа кој е “патриот”, а кој “предавник”, не ни е крив СДСМ.

Тажно е што огромната позитивна, прогресивна енергија, амбиент, кој се создаваше 2015/2016-та, денеска е претворен во апатија, изгубена надеж и ентузијазам.

Тажно е што не смогнавме сили да го продолжиме патот на прогресот.

Тажно е што се вративме на ужасното ништавило кое не опкружуваше пред десеттина години.

Настаните во Србија потврдуваат дека Вучиќевото владеење, исто како Грујовото владеење неминовно водат кон пропаѓање на државата.

За жал кај нас, сите настани и политики кои се спроведуваат, покажуваат дека сме на добар пат да ни се случи реприза на груевизмот.

Пред нас се локални избори, кои можеби ќе бидат наша последна шанса да ги поправиме нашите грешки.

Како што сум рекол и друг пат, изборот ќе биде наш, одговорноста ќе биде наша.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

горан волканоски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.