Бранко Тричковски: … Ние сме единствена земја во која цените ги бркаат платите и пензиите и никако да ги стигнат, понеже тој, премиерот, секој месец ги качува платите и пензиите со кои народот ги празни рафтовите по маркетите како пред војна.
Трговците носат стока по повисоки цени, но џабе, Христијан во меѓувреме секогаш ги зголемува платите за повеќе отколку што трговците ги зголемуваат цените и повторно нема „Линд“ чоколади и „Жиганте“ екстрадевичанско масло.
И пашко сирење.
Како сѐ да е бесплатно.
Еве сега излезе меѓународна анкета која покажа дека сме најкорумпирана држава во светот.
Нели е тоа амфетамин за достоинството и идентитетот на македонскиот народ?
Завчера нареди неколку десетици оклопни џипови во телевизиска парада на македонската одбрана.
На која тој мисли и кога спие.
Всушност, не спие од што многу мисли. …