Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Го критикувам Западот за соучесништвото во геноцидот

0
By Zoran Ivanov on August 24, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 24, 2025 07:13

Кај нас се зборува за Западот со суперлативи без разлика што во голема мера тој е соучесник во геноцидот во Газа но ако ги слушате луѓето што живеат во западните земји ќе добиете  пореална слика за состојбите таму.

 Ердем Ахмет

Навистина сум импресиониран од  борбата за слобода на Палестинците и затоа пишувањето за таа борба  ме прави  да се чуствувам слободен.

Го критикувам Западот за соучесништвото во геноцидот затоа што тоа е вистината без да калкулирам. Тешко ми е да бидам прозападно ориентиран и да зборувам  за каллкулации кога го гледам геноцидот врз Палестинците. Сето ова со геноцидот ќе помине еден ден. Не знам дали ќе биде исходот кој го посакувам: Слободна Палестина во границите од 1967 година, одговорните во Израел и соучесниците во западните земји да одговараат на суд и Палестинците да добијат целосно обештетување за сето што го преживеаа  досега. Кога ќе помине сето ова најголемиот дел од интелектуалците кај нас кој калкулирале со критиката на Израел и Западот за геноцидот повторно ќе се јават со теми за кои добиле тезги. Ќе зборуваат за правда, демократија, за ЕУ и НАТО, во корист на власта или опозицијата … не затоа што веруваат во тоа туку од лукративни причини.

Кај нас се зборува за Западот со суперлативи без разлика што во голема мера тој е соучесник во геноцидот во Газа но ако ги слушате луѓето што живеат во западните земји ќе добиете  пореална слика за состојбите таму.

Го подржувам членството на нашата земја во ЕУ и НАТО бидејќи нашите граѓани  имаат корист од тоа но треба да престанеме да ги иделизираме тие институции каде најголемиот дел од членките се соучесници во геноцидот во Газа. Треба да знаеме дека со западно оружје Израел убива палестински цивили.

На Запад луѓето протестираат во голем број за подршка на Палестинците не затоа што е исплатливо  да се прави тоа туку затоа што тоа е исправно. Студентите кои протестираа во САД сносат негативни последици кои може да влијаат на нивната иднина. Во Лондон секојдневно се апсат луѓе кои протестираат против одлуката на нивната влада за прогласување на Палестинската акција за терористичка организација. Во Германија дури Евреи се апсеа за антисемитизам. Тоа е грдото лице на Западот .

Светлото лице на Западот се луѓето кои никогаш не се откажале од борбата за слобода . Тие не веруваат дека тоа што се НАТО и ЕУ членка нив ги прави слободни туку веруваат  дека тоа зависи од тоа колкав е просторот во кој тие можат да ја практикуваат својата слобода.

Најголемиот дел од интелектуалците кај нас пропагираат дека најголемиот дел од проблемите со кој се соочува земјата ќе станат решливи кога ќе станеме членка на ЕУ бидејќи ќе имаме систем кој ќе го овозможи тоа . Малкумина  во ЕУ веруваат  дека живеат во таков систем и затоа во голем број протестираат за поголема слобода.

Се сеќавам дека во социјализмот не учеа дека живееме во преоден период кон комунизам каде ќе се решат  сите наши проблеми. Слично е и во религијата каде не учат дека животот не е совршен но ако бидеме добри после смртта не чека рајот.

Не знам што ќе се случи прво но знам дека треба да веруваме дека во меѓувреме треба да се бориме да го направиме животот подобар, поправеден, послободен …  за сите нас а не само да чекаме да станеме членка на ЕУ, да дојде комунизмот или да одиме во рајот.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

eredem ahmet колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.