Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на Европа бара сериозна истрага за содржината на снимките

0
By Нова ТВ on April 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2015 19:33

Советот на Европа, паневропската организација со седиште во Стразбург, заклучи дека во Македонија е потребна сериозна истрага на содржината на снимките и враќање на опозицијата во Собранието каде што треба да се формира истражна комисија за целата криза и нејзините причини. Истовремено Советот на Европа топло го поздравува движењето на студентите и младите граѓани како “прво мултиетничко движење” во земјата.

Во Македонија неделава, на 28 и 29 април, престојуваа тројца пратеници од Комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Стефан Шенах од Австрија, Роберт Валтер од Велика Британија и Андреас Грос од Швајцарија испратија соопштение од нивната мисија во Македонија во кое ја изнесуваат истата загриженост за политичката криза како Германија, САД или ЕУ.

«Уверени сме дека е голема грешка да се бојкотира Парламентот што не е добра политичка позиција, ние исто така сметаме дека легитимната загриженост и проблемите што ги пренесува опозицијата – а кои беа искажани во претхидните извештаи на Парламенатрното собрание на Советот на Европа – мораат да бидат решени. Претставниците на граѓанското општество и новинарите кои ги сретнавме ни изнесоа дека во земјата има клима на страв и заплашување што исто така е предмет на нашата загриженост», вели сооопштението на Советот на Европа.

Делегацијата на Советот на Европа ја осудува употребата на снимениот што го објавува опозицијата но е исто така загрижена за прислушувањето кое со години се одвивало во земјата. «Ова можеби е наследство на еднопартискиот систем на поранешна Југославија кој се чини никогаш не прекинало. Ние сме загрижени и за содржината на објавените материјали од страна на опозицијата и сомненијата за нарушување на основните демократски принципи како независноста на судството и медиумите и фер избори. Сето тоа фрла соменение врз целиот демократски систем», вели соопштението на Советот на Европа и додава дека секое сомнение мора да биде сериозно и длабоко истражено.

Оваа организација бара од обвинителот сето ова да гои стражи и бара од властите да прифатат експертиза и совет од меѓународните организации за да се биде сигурен дека истрагата ќе биде длабока и независна. Пратениците од Стразбург сметаат дека сите можности за излез од кризата се уште не се искористени и се залагаат за формирање истражна комисија со Собранието и зајакнување на демократската контрола на службата за разузнавање.

Конечно, тие упатуваат повик до властите серизно да ги земат во предвид барањата на студентите и младите граѓани и да се вклучат во интерактивен дијалог со нив. Тие сметаат дека «ова е прво мултиетничко движење и ова топло го поздравуваме», вели соопшението на Советот на Европа изразувајќи надеж дека ова движење нема да биде политички злоупотребено.

Посетата на овие тројца пратеници беше исцпрно покриена од страна на медиумите блиски до владата. За жал, нивната целосна порака не беше коректно пренесена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.