Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping – Да, да, членот 5, па за џабе ли си го сменивме името – нападната ни е државата

0
By Zoran Ivanov on September 14, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 14, 2025 22:34

Зоран Иванов

Денеска премиерот Христијан Мицкоски рече и уште не одрече дека, цитирам, пожарите се подметнати.

И нешто уште многу појако рече.

Рече дека вакви подметнувања и диверзии како ова со токсичниот пожар во скопско Трубарево, ќе има и во периодот што следи, затоа што, пак цитирам, постојат центри на моќ во државата, но и надвор од неа кои не сакаат оваа Влада да успее.

Не кажа во што да не успее зашто таа еве годинаипол не успева во ништо па сега, за сопствената фрустрирачка немоќ, како да си бара вина во некакви флуидни црни центри на моќ кои не и` посакувале ништо фино на оваа негова и наша влада.

Но нејсе. Темата е изјавата на Христијан за хибридни закни од внатре и од надвор.

Нешто како познато нели? Демек домашни и странски непријатели.

А бе, амбиент комунистички ама оној од ‘48-ма.

Но серизноста настрана, ајде шегата.

По ваквите констатации на првиот човек на македонската извршна власт за напади врз државата и тоа и од внатре и од надвор, институциите треба да скокнат веднаш.

Уште ноќва. Нападната е државата.

Претседателката како врховна командантка да си емигрира од Охрид и да се вкопа на воено командниот вежбовен пункт на Криволак.

Овие девојките нејзини директорки од канцеларијата за разузнавање да и’ се нацртаат пред нозе со папките мапирани со надворешните непријателски центри, а дечково од агенцијата за домашни шпиуни да го стори истото и да ги поткаже овдешните маалски издајци крастајци.

Другите, оние посериозните надлежни за државната безбедност, да се постројат во редот за реферирање и тоа веднаш зад претходниве и да дадат заклетва за лојалноста кон Татковината.

Толку од мене. Булгаков да беше жив, овие редови од погоре ќе ги стокмеше онака поинспиративно и по профи.

Но мојот аматеризам на темава допира само до скромното граѓанско очекување за брза акција на државните безбедонсни и одбранбени институции.

За итен превентивен контраудар врз внатрешните и врз надворешните центри на моќ.

За акција врз тие кои не и` мислат добро на Христијановата влада, а за кои, без сомнение, Мицкоски има прецизни информации од неговите непартиски безбедносни служби.

Потребна е превентивна акција врз база на фактите на Мицкоски според кои Татковината е нападната и тоа и одвнатре и однадвор.

Тоа бара итност.

Многу итност. Веќе ноќва да заседава Владата, веќе утре Парламентот да прогласи вонредна спстојба, веќе задутре АРМ да е ставена во борбена готовност и веќе бар за три дена од сега државата да побара НАТО да го активира солидарниот член 5.

Да, членот 5, ами како – па за чабе ли си го сменивме името – нападната ни е државата.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.