Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, го потпишаа Третиот протокол кон Европската конвенција за помош во кривичната материја

0
By Marija Todorovska on September 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 19, 2025 12:19

Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во малтешкиот главен град Ла Валета го потпишаа Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, соопшти Советот на Европа.

Во соопштението се нагласува дека Протоколот бил потпишан во рамки на неформалната Конференција на министрите за правда на земјите членки на Советот на Европа, што се одржува во Ла Валета.

Покрај земјава, протоколот го потпишаа и Белгија, Велика Британија, Германија, Грузија, Грција, Литванија, Луксембург, Малта, Португалија, Романија, Сан Марино, Турција, Украина, Швајцарија и Шведска.

Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја е документ од 1959 година чија цел е овозможување поголемо единство меѓу членките на Советот на Европа, преку воспоставување на заеднички правила во областа на меѓусебната помош околу кривичните предмети и прашањата за екстрадиција.

Договорните страни, во согласност со одредбите од оваа Конвенција, се обврзуваат меѓусебно да си обезбедуваат најширока можна меѓусебна помош во постапките во врска со кривични дела чие казнување спаѓа во надлежност на судските органи на страната барател. Оваа Конвенција не се однесува на апсења, извршување на пресуди или кривични дела според военото право, кои не се кривични дела според обичното кривично право, се вели во документот.

Со Третиот дополнителен протокол кон Конвенцијата земјите членки на Советот на Европа, неговите потписнички, имаат за цел дополнително да придонесат во заштитата на човековите права, почитување на владеењето на правото и поддршката на демократското ткиво на општеството.

Сметајќи дека за таа цел е пожелно да се зајакне нивната индивидуална и колективна способност за одговор на криминалот, (потписниците) одлучија во одредени аспекти да ја подобрат и дополнат Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, склучена во Стразбур на 20 април 1959 година, како и Дополнителните протоколи кон неа од 17 март 1978 година и 8 ноември 2001 година, се вели во документот.

Во него се додава дека во остварувањето на овие заложби земјите потписнички ќе се базираат на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, склучена во Рим на 4 ноември 1950 година, како и на Конвенцијата за заштита на поединците во врска со автоматската обработка на лични податоци, постигната во Стразбур на 28 јануари 1981 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.