Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филистејците – “чистата” совест на “прогресивните”

0
By Marija Todorovska on September 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 22, 2025 14:22

Освен што “палестинското прашање” стои на меѓата помеѓу историското христијанство и историскиот ислам, тоа го носи товарот на уште еден наратив – “арапскиот свет”. Што е всушност и најголемата контрадикција – ако сите од регионот се “Арапи” и “Муслимани”- иако е прилично траги-комично на тој начин да се етикетираат најстарите и најголеми светски цивилизации кои доаѓаат и од регионот на Источниот Медитеран – како што се денешните држави Египет, Сирија, Либан, Јордан; а потоа и Северна Африка, Иран и Ирак; кои во себе ги носат сеќавањата за Феникија, Сирија, Персија, Вавилон, и многу други стари народи и цивилизации; тогаш ниту “палестинскот прашање” не е етничко, туку консензуално политичко и религиозно.

Никица Корубин

Палестинското прашање и палестинското страдање, освен што често пати е чиста реалност, многу почесто се третира како чиста фикција. Се третира, а потоа и проектира како архетипско страдање кое е најлесно и најопортуно да се присвои и да се (зло)употреби. Не како вистинско сочувство, туку како морално и егоистично сочувство: сочувствувам поради мојата “прогресивна” свест и совест, а не поради туѓото страдање.

Таа константна “привилегија” што ја добива во однос на сите други “етнички страдања”, фасцинира низ годините и децениите, откако самите Палестинци први одбиваат историската територија да ја делат со Израелците, како две држави, во тешките и трауматично години на холокаустот после Втората Светска Војна. Одбивање, кое низ годините и децениите кои ќе следат, се до ден денес, ќе се претвори во вистинска агонија за палестинскиот народ.

Но, дилемата останува, дали оваа “палестинска жртва” е подобна за поддршка, поради логичното (од нивен аспект) анти-еврејство? Со што се идентификуваат поддржувачите на палестинското прашање – со човечкото страдање, со правото на држава, со исламот, со Арапите, со терористичка организација како Хамас или со анти-еврејството? Затоа што многу од овие причини, низ годините биле исполнети и од многу други народи, но ни приближно не ја добиле поддршката како ова прашање.

Освен што “палестинското прашање” стои на меѓата помеѓу историското христијанство и историскиот ислам, тоа го носи товарот на уште еден наратив – “арапскиот свет”. Што е всушност и најголемата контрадикција – ако сите од регионот се “Арапи” и “Муслимани”- иако е прилично траги-комично на тој начин да се етикетираат најстарите и најголеми светски цивилизации кои доаѓаат и од регионот на Источниот Медитеран – како што се денешните држави Египет, Сирија, Либан, Јордан; а потоа и Северна Африка, Иран и Ирак; кои во себе ги носат сеќавањата за Феникија, Сирија, Персија, Вавилон, и многу други стари народи и цивилизации; тогаш ниту “палестинскот прашање” не е етничко, туку консензуално политичко и религиозно.

Затоа што не може “муслиманите Арапи” да имаат ексклузивно историско право на територијата и земјата (аргументот за “правото на територијата”) туку тоа може да го имаат само пред арапските и пред исламските Филистејците од античките извори, на истата земја отсекогаш со Израелците.

Но, сето ова е со речникот од пред Втората Светска Војна, империјалниот свет на наследена и создадена западна култура, кое своето потекло го влече токму од овој регион, чиј составен дел е и нашата држава и историски континуитет; а не со речникот на светскиот правен поредок, базиран на демократија, почитување на човековите права и правниот систем, после Втората Светска Војна; создаден и како резултат на страдањата на Евреите, и на анти-фашизмот идеолошки ослободен од комунистичката и либерална узурпација која ќе следи потоа и која ја гледаме и денес, сокриена позади “грижата за палестинското прашање”.

“Грижа” во која како да е сочуван и конзервиран најбруталниот антисемитизам, и скриениот  наследен и партиско-комунистички узурпиран анти-фашизам, кој денес, особено во пост-комунистичките земји (а серизоно проширен и “на запад”) се претставува како чист либерализам, со екстремни и чудни нијанси; во кој во “најлибералните кругови” на Палестинците без проблем им се “простува Хамас”; со истовремено демонизирање на сите Израелци како џелати.

Но, всушност, западната култура и демократијата се враќа на своето потекло. Симболично, преку (зло)употреба на “палестинското прашање”, на историскиот регион и континуитет; а реално и ефективно, преку преиспитување на вистинските либерални, западни и демократски вредности. На суштината на владеењето на правото, но и на темелот, хуманоста и правичноста на светскиот поредок, базиран на правото и правдата. Картите се отворени, се’ потешко станува криењето позади формалните називи, а се’ полесно се открива вистинската намера. Не “кој треба и мора”, туку “кој е”. “Прогресивен” или прогресивен. Неселективно хуман, не затоа што треба опортунистички, туку зато што мора вредносно.

Од Фејсбук ѕидот на авторката
Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.