Во моментов полицијата ги растера демонстрантите од дворот на Владата и илјадниците граѓани се наоѓаат на улицата пред објектот, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
Како што растеше тензијата кај граѓаните, така полицијата го губеше трпението и ги растера демонстрантите кои фрлаа јајца и камења кон Владата.
Дел од граѓаните штотуку ја рушија половина од оградата пред Владата но во моментов таму се поставува нов кордон полиција.
Граѓаните револтирано извикуваат „Од нас ли ја чувате Владата“, „Знаете ли кого штитите“ и „Имате ли вие деца“.
Помеѓу демонстранитте се и членовите на семејството на Мартин Нешковски за кого реализиран денешниот протест. Во моментов пред Владата пристигнува и воден топ, граѓаните лежат на земја сред улица.
Четири лица се приведени, ранети се повеќе полицајци, а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница.




