Демонстрантите и полицијата се судрија некаде по 9 часот. Протестите започнаа мирно, но состојбата подоцна ескалираше. Во протестите има и повредени полицијајци и цивили.
Претходно, група граѓани што беше собрана на протестот пред Владата, го проби кордонот на полицијата на чело со братот на Мартин Нешковски, и влегоа во дворот на Владата.
Тие извикуваа „Убијци убијци“. Револтот кај граѓаните се создаде по денешната бомба на опозицијата со која лидерот Зоран Заев посочи дека убиецот на Мартин Нешковски за време на победата на ВМРО ДПМНЕ бил на службена должност наспроти тврдењата на власта дека приватно бил на местото.