Демонстрантите се спречени да протестираат пред зградата на владата која е опколена со кордони полицијата. Тие во моментов стојат на крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски и извикуваат „Оставка“, но и ги убедуваат полицајците дека треба да застанат на нивна страна.
„Штитите десет криминалци во владата, наместо да ги поддржите своите сограѓани кои ви даваат плата“, гласно извикуваше еден од демонстрантите во првите редови до кордоните полиција.