Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лина Ќостарова-Унковска: Кому му користат насилните протести?

0
By Нова ТВ on May 7, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2015 13:38

Најмногу на врхушката на власт, против која протестираме. Насилството за нив е одличен повод и аргумент ЗА уште побрутално, контра-насилство. Гневот, бесот и неправдите кои сите ги чувствуваме мораат да бидат канализирани и изразени на поинакви, ненасилни начини. Затоа што насилството е она против кое се бориме сите овие години. Не сакаме да покажеме дека сме го научиле и усвоиле јазикот на насилството, па дури ни за спротивставување со агресорот… СТОП на насилството значи подигање на непробоен зид од масовност, упорност, непослушност и доследност во чувството за праведност. Тоа е нашата цел. Да покажеме дека сме подобри, побројни, попаметни, а со тоа и посилни во барањето правда, до конечна пресметка со режимот.

И тука ќе имаме многу работа, особено со незадовоните меѓу нас кои немаат веќе трпение, кои изгубиле премногу, кои немаат ништо преостанато, или ништо друго и не научиле за сето ова време, освен да возвратат на ударот со уште пожесток контра-удар, независно од последиците. Но, најмалку што посакувме е друго безумие и хаос. Ние не сакаме други од страна да се вклучуваат да не мират, да ни ги средуваат работите по дома и да одлучуваат во наше име, како да сме некадарни и неспособни да се грижиме за себе. Сакаме и треба да покажеме дека самите ќе ги решиме сите наши пропусти и проблеми. И во тоа треба да бидеме единствени.

Секогаш можеме да се угледаме на студентите и на нивните добро обмислени потези, кои не дозволија да бидат вовлечени во манипулативно-насилните практики на власта. Подучени од нив, треба да се држиме до правилото дека, нашиот недвосмислен одговор на режимот треба да се разликува од неговото насилно и авторитарно владеење. Тие разлики во јазикот на комуникација се најмоќното орудие кое нив, а не нас, ги фрла во хаос и недоумица, што понатаму, тоа е она што ги збунува и на што немаат спремен одговор, освен продолжително да ги повторуваат истите, празни реторики во себедокажување.

И никогаш да не заборавиме дека насилството е теренот на овој режим, каде што се тие неприкосновени. Со години гледаме како го користат во секоја можна прилика, дури и „предвремено“ и “без повод“, и дека никаков друг јазик не познаваат. Насилството е нивната главна игра и тоа не е полето на кое треба да се сретнеме за да ги одмериме силите, и да победиме. НАСИЛСТВОТО сакаме да го победиме, никогаш веќе да не го добие просторот и моќта што му ги дозволивме, за да владее со цел еден народ. Мораме да кажеме СТОП на насилството, во секој поглед.

Конечно, целта на нашиот револт и не се полицајците во улогата на извршители. Не се тие луѓето по кои треба да удираме со прачки и камења, напротив, нив сакаме да ги придобиеме, сакаме уште утре да ги видиме на наша страна, во нашите редови. Нашиот револт е свртен кон добро заштитетените, скриени во своите кабинети и фотелји креатори и нарачатели на овие случувања. Наша задача е токму нив да ги натераме да излезат на виделина, изолирани од мнозинството и сами, зад линијата која веќе нема да можат да ја поминат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.