Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дождот не ги запре средношколците, му порачаа на Адеми: „Не си одиме“

0
By Влатко Чаловски on May 7, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2015 17:55


И покрај врнежите од дожд, средношколците истрајно со поддршката на родители и наставници и денеска протестираше пред Министерството за образование и наука, барајќи од надлежните нивниот глас да биде слушнат.

Пораките „Доста беше молк“, „Сега ќе не слушнете“, „Нема да си одиме“ и денеска ечеа под прозорите на министерот Абдулаким Адеми. Александар Милевски, член на Средношколскиот пленум рече дека тие нема да ги бараат надлежните, туку сега чекаат повик од нивна страна, бидејќи тие протестираат веќе подолго време за доброто на образованието во земјава. Родителите на децата пак, велат се уште не им е јасно зошто е толку тешко да се разговара со млади деца.

– Утре е 25.ден од бојкотот на наставата, ќе треба да се договориме вечерва што понатаму. За денешниов собир, иако беше најавено во полицијата дека денеска ќе се собираме во 17 часот исто како и вчера, од некои неразјаснети причини, полицијата не ја блокираше улицата и можеше да дојде до несакани инциденти, некои да бидат повредени. Остануваме цврсти и доследни во она што сакаме да го постигнеме, а тоа е подобро образование за сите во Република Македонија, рече Милевски.

До денеска околу 10.000 граѓани имаат ставено свој потпис на петицијата за поддршка за средношколците, кои повеќе од еден месец ја бојкотираат формалната настава во училиштата, а веќе втора недела спијат под отворено небо во Паркот на новинарите спроти објектот на МОН.

Нивните барања се во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации, предлог кој беше одбиен од Владата, која одлучи само уште годинава матурантите да полагаат по стариот концепт за матура.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата, но Владата го одби и ова барање и децидно одговори дека преговорите престануваат.

Средношколците за утре во 17 часот најавија нови протести пред МОН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.