Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколците на протест пред МОН: Две недели младината ви спие на улица

0
By Нова ТВ on May 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 8, 2015 18:12


Средношколците кои втора недела по ред кампираат во паркот наспроти министерството за образование и цел месец ја бојкотираат наставата во училиштата, денеска одржаа уште еден протест пред вратите на МОН заедно со своите родители и наставници.

На надлежните им порачаа дека ќе бараат правна разрешница за сите закани и притисоци врз нив, ги потсетија дека бојкотот нема да го прекинат и за време на протестот една минута свртеа грб на ресорното министерство. Дел од средношколците им дадоја и цвеќиња на полицијата.

-Остануваме туак пред МОН, одиме и пред судовите. Одиме на повисоки институции да ја бараме правдата, како што рековме тужби против оние лица кои вршеа притисоци и закани. Остануваме во кампот, бојкотот на наставата продолжува, го ресетираме во понеделник , но потоа продолжуваме, за да не стигне до оние казни, изјави Александар Милевски од Среднопколскиот Пленум.

Утринава на прес-конференција пред медиумите средношколците го повикаа министерот Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски да ги посетат учениците во Паркот на новинари спроти МОН во понеделник во 13 часот и конечно да почнат да покажат слух за нивните разбирања. Од друга страна, надлежните уште пред една недела официјално ги прекинаа преговорите со средношколците и им порачаа да се вратат во училиштата.

Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците. Средношколците повеќе од еден месец ја бојкотираат формалната настава во училиштата, а веќе втора недела спијат под отворено небо во паркот наспроти МОН. Покрај учениците и наставници и родителите формираа Родителски пленум и одлучија целосно да застанат зад своите деца, сметајќи дека нивните аргументи се издржани.

Средношколците бараат во текот на наредните 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации. Владата го одби ваквиот предлог и одлучи само уште годинава матурантите да полагаат по стариот концепт матура.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата, но Владата го одби и ова барање и децидно одговори дека преговорите престануваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.