Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгубени во преводот: Средбата Трамп – Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 22, 2025 16:25

Веродостојни извештаи станаа вирални наслови без контекст – создавајќи совршена бура за руската дезинформација и за разградување на интегритетот на наративите на Западот.

Џабир Дерала
Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани 

Оваа недела насловите жестоко ги повторуваат тврдењата дека Доналд Трамп „го повикал Володимир Зеленски да ги прифати условите на Владимир Путин или да биде ‘уништен’ од Русија“. Објавите експлодираа на социјалните мрежи и беа коментирани во медиумите ширум светот. Иако тие објави делумно се потпираат на веродостојни извештаи, нивната поедноставена форма го нарушува контекстот и, на крајот, ѝ користи на руската пропаганда.

Што велат изворите

Financial Times објави дека за време на средбата на 17 октомври 2025 година, Трамп го притискал Зеленски да ги прифати руските услови за завршување на војната, предупредувајќи дека Путин „ќе го уништи“ доколку одбие. Истото го потврдуваат Украинска Правда и Reuters.

The Washington Post и Radio Free Europe ја опишуваат средбата како „на моменти напната“, при што Трамп наводно ги отфрлил картите од бојното поле, инсистирајќи Зеленски да ги прифати условите на Путин – вклучително и територијални отстапки – и го предупредил за тешки последици ако Кијив не направи отстапка. Според некои официјални извори, во разговорите се споменувала областа Донецк (дел од Донбас) како можен дел од договор.

Во резимето на Reuters стои: „Трамп го притискал Зеленски да отстапи делови од територијата на Русија… ‘Вашата земја ќе замрзне и ќе биде уништена’ ако Украина не постигне договор.“

Повеќе медиуми цитираат европски претставници запознаени со средбата, кои велат дека Трамп ги повторувал многу од аргументите на Путин и агресивно го туркал Зеленски кон договор, пренесува Украински Национални Новости (УНН).

На што треба да се внимава

Објавите на социјалните мрежи, особено во Европа и Западен Балкан, ја цитираат реченицата дека Трамп го „повикал Зеленски да ги прифати условите на Путин или да биде ‘уништен’ од Русија“ – што во суштина го доловува тонот на извештаите, но без контекст.

Важно е да се потенцира дека извештаите се базираат на извори запознаени со средбата, а не на јавно достапна транскрипција. Тоа значи дека, иако се веродостојни, медиумите немаат потврдени директни цитати од учесниците.

Покрај тоа, Трамп ги негира тврдењата дека предложил отстапки. За Radio Free Europe, тој изјавил: „Не, не сум го кажал тоа.“

Некои објави користат драматична реторика („или ќе биде уништен“), која ја засилува пораката и создава впечаток на ултиматум. Медиумите, сепак, обезбедуваат поширок контекст – за можните дипломатски компромиси, територијалните услови и притисоците во рамки на преговорите.

Со други зборови, тврдењето што кружи на социјалните мрежи и во некои медиуми, вклучувајќи и лажни објави со логото на Financial Times, може да се смета за делумно точно, бидејќи се темели на реални извештаи. Но, во исто време, не е прецизно – тоа ја сведува сложената дипломатска динамика на поедноставен наратив што ја храни пропагандата.

Како се создава пропагандна приказна

Неколку клучни наративи што ги експлоатираат руските државни медиуми и пропагандни канали произлегуваат токму од оваа контроверза:

  • „Западот е поделен, Русија победува“: Средбата се претставува како доказ дека САД ја губат решеноста, а Москва ја презема иницијативата. Le Monde забележува дека „за Русите, тоа е сон – американски претседател што ја повторува нивната пропаганда.“
  • Украина како товар: Зеленски се прикажува како „укорен“ од Трамп, како зависен и слаб лидер што ја исцрпува поддршката од Западот.
  • САД како непостојан партнер: Наративот дека Вашингтон е „интересџиски“ или непредвидлив се користи за да се подријат довербата и солидарноста на западните земји.
  • Легитимирање на руските барања: Извештаите за „прифаќање руски услови“ се користат како доказ дека дури и САД сметаат дека Москва има оправдани позиции.
  • Деморализација: Целта е да се прикаже Украина како изолирана и напуштена, со што се ослабува моралот во Украина и поддршката во западните општества.

Пропагандни механизми

  • Амплификација преку државни медиуми: Телевизии, веб-портали и Телеграм-канали под контрола на Кремљ ги нагласуваат сите елементи што ја прикажуваат Украина како осамена и беспомошна.
  • Селективно цитирање: Се издвојуваат фрази како „ќе бидете уништени“, а се изоставува контекстот – нападот врз Украина и отпорот на нејзиниот народ.
  • Користење западни извори како „доказ“: Преку цитирање на Financial Times и Reuters, руската пропаганда добива легитимитет во очите на својата публика.
  • Дезинформации и лажни видеа: Лажни видеа за капитулација на Украина или „тајни договори“ создаваат забуна и недоверба во јавноста.

Зошто ова е важно

Ова е учебнички пример на хибридна војна: кога реални настани, дипломатски разговори и медиумски извештаи стануваат оружје во информативниот фронт.

Кога високопрофилни западни политичари ќе дадат изјава или ќе бидат цитирани на начин што личи на позицијата на агресорот, дезинформацијата добива простор да се развие меѓу вистината и лагата.

Фокусот се префрла од фактите на кадрирањето – што е нагласено, што е премолчено, и каква емоција се создава. Токму тука лежи моќта на пропагандата: не во целосната измислица, туку во контролата на приказната.

Наративот „Трамп му порача на Зеленски да попушти“ веќе кружи низ светот. За Москва, тоа е идеален трофеј – уште една „победа“ во војната на перцепции.

Ова е уште еден пример како се води информативната војна. За да се спротивставиме на ваквите наративи не е доволно само негодување – потребни се структура, знаење и постојана будност: тим што следи, анализира и известува; уредници што проверуваат, толкуваат и одговорно ги претставуваат фактите. Секој од нив има професионална и етичка одговорност, внимателно бирајќи ја секоја збор. Од „другата страна“ нема таква одговорност – туку само агресија. Лагите се шират како пожар, додека вистината и фактите стигнуваат бавно, чекор по чекор, до умот на луѓето. Дезинформациите и пропагандата ги таргетираат емоциите, а нашата работа – разумот. Колку и да се нерамноправни овие секојдневни битки, тие се суштински за зачувување и одбрана на вистината и демократијата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

 

 

анализа Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.