Published: Saturday, May 9, 2015 13:47
Реагираше и Министерството за надворешни работи на Косово. Ги следи со внимание вестите од Македонија за насилните инциденти на некои локации во кои има извештаи за жртви. Република Косово, се наведува во реакцијата, остро го осудува нарушувањето на редот и безбедноста од страна на било кои поединци или групи чија цел е дестабилизација на Македонија, пренесува АлсатМ.
„Министерството за надворешни работи на Косово апелира до сите страни да се воздржат од насилство и да најдат решение преку политички дијалог во рамките на институциите на државата и Охридскиот договор што го гарантира интегритетот на Македонија и исполнувањето на правата на заедниците“.




