Иако во Куманово во изминатите 2 часа се чинеше дека ситуацијата се смирува и само повремено се слушаа рафали, веќе половина час, пукотниците стануваат се пожестоки- се слушаат рафали и детонации а може да се забележи висок чад од објекти кои горат.
Полицијата која се наоѓа на пунктовите во центарот на Куманово доби засилување, а полицајците на тие пунктови се на готовс, со оружје.
Семејства со мали деца бегаат со торбици од населбата кон градот. НОВА се обиде да поразговара со некои од нив, но тие исплашени избегаа- не сакаат да зборуваат.