Само до 9 часот утринава во Ургентниот центар на Клинички биле донесени 11 повредени полицајци и еден починат. Умрениот полицаец е на возраст од 30 години, неофицијално од болнички извори, дознава НОВА.
Во текот на денот се донесени уште повредени но, никој не ја соопштува точната бројка. Се калкулира со број од дваесетина повредени во денешната оружена пресметка во Куманово. Нема официјални информации за бројот на повредени.
Шеснаесет повредени се во Ургентниот центар, а на дел од нив во моментов им се вршат хирушки интервенции.
Дел од повредените во Скопје беа транспортирани со возила на прва помош, а дел со хеликоптер.