Петтиот ден протести во Скопје на кој се бара оставка од министерката Јанкуловска, помина мирно без никакви инциденти. Денеска полицијата повторно го забрани реонот околу Владата за стотината демонстранти. Дождот не ги поколеба, по што се упатија кон седиштето на Делегацијата на ЕУ каде што побараа поконкретен ангажман за ситуацијата во Македонија.
Демонстрантите и таму ги дочека полициски кордон.