Граѓаните и активистите вечерва донесоа одлука утре, на вториот Ден на жалост да се одржи мирен собир за да се оддаде почит на загинатите полицајци во судирите во Куманово.
Со свеќи во рацете, во црна и бела облека како симбол на тага за загинатите македонски и албански полицајци во Куманово, демонстрантите ќе се собираат пред Владата на улицата „Климент Охридски“.
Граѓаните и активистите на денешниот собир отфрлаат политички етикети и определеност. Ќе соопштат единствена порака која ќе ги обединува сите, а ќе допре до политичарите кои ја водат државата.
Тие се согласија дека со утрешниот гест, на полицијата ќе и покажат дека се на иста страна со нив, а се протестира против оние кои им даваат наредби.