Дејн Кнехт, главен директор за технологија на „Клаудфлер“ на Икс упати извинување за разочарувањето што го предизвикале на корисниците и на поширокиот интернет, посочувајќи дека се работи на тоа во иднина да нема ваков прекин.
Глобалниот прекин на мрежата на фирмата за веб-безбедност „Клаудфлер“ е решен по неколку часа, соопштија оттаму.
ЧетГПТ и социјалната мрежа Икс се меѓу веб-страниците на кои им беше блокиран пристапот за корисници.
Проблемите што ги доживеаа многу веб-страници се предизвикани од прекин на гигантот за интернет инфраструктура „Клаудфлер“, од каде соопштија дека ја нашле грешката и инсталирале нејзина поправка, која треба да им овозможи на системите низ целиот свет повторно да функционираат.
Проблемите започнаа околу 13 часот по источно време, а „Клаудфлер“ потврди околу 15 минути подоцна дека е свесен за проблемот.




