НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукан, Вајгл и Ховит: Преговорите за кризата да продолжат на највисоко ниво

0
By Светлана Јовановска on May 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент – Едвард Кукан, Иво Вагјл и Ричард Ховит – очекуваат да се воспостави дијалог на највисоко ниво можно ниво за да се реши политичката криза во земјата. Овој нивен повик значи дека тие очекуваат Никола Груевски и Зоран Заев да седнат на иста маса и да ја извлечат земјата од криза.

Во своето соопштение тие пред се изразуваат сочувство со семејствата на загинатите припадници на полицијата и загриженост од настаните во Куманово:

“Ние сме длабоко загрижени поради настаните во Куманово овој викент. Ние ги осудуваме сите насилни акции против јавниот ред и обидите да се дестабилизира ситуацијата во земјата.

Сакаме да го понудиме нашето сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија своите животи овој викенд. Овие настани мораат да бидат јасно и транспаретно истражени во согласност со владеењето на правото. Сакаме исто така да ја повикаме македонската јавност да не дозволи понатамошна ескалација на тензиите.

Ги повикуваме сите политички лидери во земјата да се однесуваат одговорно и да се воздржат од изјави кои би можеле да ја нарушат стабилноста на земјата. Уште еднаш повторуваме дека сите обвинувања за малверзации кои беа јавно објавени мораат да бидат серизно истражени а оние за кои ќе се утврди дека се одговорни треба да понесат одговорност за нивните дела, со целосно почитување на принципите на транспаретност, непристрасност и почитување на презумпцијата на невиност.

Ние исто така бараме од политичките партнери да ги зајакнат напорите за сериозен ангажман во политички дијалог на највисоко можно ниво за да се реши политичката криза. Ние сме подготвени да продолжиме да даваме наша поддршка и олеснување на дијалогот кој треба да води кон намалување на политичките тензии и решавање на недостатоците на политичкиот систем во Македонија. Наша заедничка е да ја видиме Македонија назад на патот кон евро-атлантска интергација”, велат тројцата европски пратеници.

Во текот на март и април овие тројца олеснувачи на дијалогот помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во два наврати се сретнаа со претставници за двете партии но третата рунда се уште не е закажана. Според дипломатски извор во Европскиот парламент се прават обиди овој дијалог на продолжи помеѓу Груевски и Заев заедно си тројцата европски пратеници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.