Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петра Дрекслер: Германија со загриженост ги следи реформите и односите во Македонија на патот кон ЕУ

0
By Zoran Ivanov on November 21, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 21, 2025 10:08

Петра Дрекслер: Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државата е дека Германија инвестира во правосудството помалку од Северна Македонија. Тој впечаток е погрешен. вели амбасадорката Петра Дрекслер

Од нтервјуто на германската амбасадорка Петра Дрекслер за „360 степени“

Амбасадорката на СР Германија, Петра Дрекслер, вели дека со загриженост ја следи дебатата во земјава за тоа колку треба да изнесува буџетот за правосудството која се отвори по објавувањето на извештајот на Европската комисија за С Македонија. Во документот, меѓу другото, се констатира дека правосудството е финансиски зависно и под притисок на извршната и законодавната власт, но премиерот Христијан Мицкоски во неколку јавни настапи порача дека нема намера да ги зголеми финансиите за судството и јавното обвинителство. Меѓу другото, тој се повикува на анализа на буџетите за правосудството во европските држави за 2022 г. која покажува дека земјава издвојува поголем процент од БДП за оваа намена од голем број земји членки на ЕУ.

Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државата е дека Германија инвестира во правосудството помалку од Северна Македонија. Тој впечаток е погрешен. Мора убаво да се погледнат бројките. Ако ги споредите податоците кои Европската комисија за ефикасноста на правосудството ги доби како резултат на испитувањето во 2022 година, ќе видите дека Германија уште во тоа време инвестирала во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од Северна Македонија, а ние како ЕУ, ќе може да примиме само нови членки кои континуирано работат на тоа владеењето на правото да биде загарантирано, вели Дрекслер.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер порача дека Берлин внимателно ја следи дебатата за финансирањето на правосудството, инсистира на исполнување на договорените обврски со Бугарија и потврдува дека владеењето на правото останува клучен услов за напредок во процесот на евроинтеграција.

Поентти од интервјуто на германаската амбасадорка за „360 степени“:

  • Германија со загриженост ја следи дебатата меѓу македонската влада и правосудството околу финансирањето.
  • Амбасадорката Дрекслер нагласува дека Германија инвестира пет пати повеќе во правосудството по жител од Северна Македонија.
  • „Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државава е дека Германија инвестира во правосудството помалку од Северна Македонија. Тој впечаток е погрешен. Мора убаво да се погледнат бројките. Ако ги споредите податоците кои Европската комисија за ефикасноста на правосудството ги доби како резултат на испитувањето во 2022 г., ќе видите дека Германија уште во тоа време инвестирала во https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2025/11/dreksler-01-1024×576.jpgправосудството пет пати повеќе по глава на жител од Северна Македонија“
  • Берлин ја смета ЕУ интеграцијата на Западен Балкан за приоритет и бара решителни реформи.
  • „Со посетата на шесте земји од Западен Балкан, министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, испрати многу јасна порака, овој регион за Германија има надворешнополитички приоритет. Иднината на Западен Балкан ја гледаме во ЕУ. https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2025/11/dreksler-01-1024×576.jpgМинистерот за надворешни работи Вадефул и тука, во Скопје, нагласи уште еднаш дека за нас клучот на патот кој води натаму е во решителното спроведување на реформите. Германија и понатаму ќе дава поддршка на натамошниот пат, и да, оваа перспектива за пристап е реална.„
  • За продолжување на преговорите, потребно е подобрување на односите со Бугарија и исполнување на договорените обврски од 2022 година.
  • „Во 2022 година успеавме да најдеме компромис. Компромис кој не е совршен, но кој овозможува конечно да се започне со вистински преговори. И договореното важи. Тоа е европска позиција, зад која, секако, стои и Германија.„
  • Германија очекува сите членки на Советот на Европа, вклучително и Бугарија, да ги спроведат пресудите на ЕСЧП.
  • Во Берлин постои разбирање дека Македонија има изгубено доверба во процесот и се поддржуваат мерки за враќање на довербата.
  • Германија повторува дека владеењето на правото е клучно и дека без силно и независно правосудство нема напредок кон ЕУ.
  • Се потенцира дека околу 30 % од учениците во Македонија учат германски, што ја одразува длабоката поврзаност меѓу двете земји.
амбасадорка петра декслер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.