Булеварот „Илинден“ е блокиран а присутни се неколку стотици луѓе, кои со свеќи во рака, делат цвеќиња меѓу народот, за да им се оддаде почит на полицајците загинати при настаните во Куманово. Движењето „Протестирам“, со денешниот собир изразува сочувство до семејствата на загинатите, а истовремено бараат итна оставка и преземање одговорност, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање Влада за демократизација на институциите.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.