НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенорот Благој Нацоски на турнеја во Јапонија

0
By on March 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот македонски тенор се наоѓа на двонеделна турнеја во Јапонија, каде вечерва ќе дебитира во улогата на Неморино во операта “Љубовен напиток” од Гаетано Доницети.
Претставата во полуконцертна изведба ќе се одржи во Рјутопија Центар во Ниигата каде Нацоски веќе има настапено на концертот “Три тенори” во 2008 година.
Партнерка во улогата на Адина ќе му биде Јапонката Нобуко Такахаши, Дулкамара ќе го толкува Матео Пеироне од Италија, а во останатите улоги ќе настапат јапонски уметници.
Рјутопија Центарот е најпрестижната концертна сала во градот Ниигата и оваа година слави јубилеј од 15 години.
Во изминатата седмица, во организација на Рјутопија Центарот, Нацоски одржа и Мастерклас за студентите по оперско пеење од различни универзитети на Јапонија.
По “Љубовниот напиток” следува Гала Оперски концерт во Токио во салата Нипори Сани Хол, во организација на “Токио Опера” заедно со јапонски и италијански уметници, како и женски хор од Токио. По негова иницијатива концертот ќе биде завршен со обработка на две македонски народни песни во изведба на јапонскиот хор, а во едната ќе настапи заедно со нив.
– Прекрасно искуство беше да се работи со студентите, односно студентките по пеење од Јапонија, со оглед на фактот дека на мастерот учествуваа само припаднички на понежниот пол. Нивната дисциплина и “послушност” се навистина на завидно ниво, во смисол што максимално се трудеа да го направат она што го барав од нив во изведбата на различните дела. Што се однесува до Неморино, одамна имам желба да ја пејам оваа улога од која уште од студентските денови често ја пејам познатата арија “Una furtiva lagrima”, но ете по некоја случајност целата улога досега ја немав отпеано. Се радувам и што повторно сум во Ниигата и во прекрасниот Рјутопиа Центар“, изјави Нацоски.

По настапите во Јапонија, на 12-ти април Нацоски ќе настапи во Театарот „Томазо Траета“ во Бари, и тоа со концерт посветен на македонските современи композитори. По успешниот таков концерт во Рим минатата година, ова е втор негов рецитал од овој вид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.