Нашите тимови сега се вратија во своите соби додека работиме на некои од предлозите што ни беа понудени, па затоа работиме на тоа да направиме некои промени, некои прилагодувања, со надеж дека дополнително ќе ги стесниме разликите, рече Рубио. Мислам дека ова е многу, многу значаен, би рекол веројатно најдобриот состанок и ден што го имавме досега во целиот овој процес, почнувајќи од времето кога првпат стапивме на функција во јануари, додаде Рубио.
Пред состаноците со Рубио, врвните европски и украински претставници се состанаа во Женева денеска.
Предходно, шефот на кабинетот на Зеленски, Андреј Јермак напиша на социјалните мрежи дека делегацијата на Украина се сретнала со советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција и Германија.
Сојузниците се обединиоја собраа околу Кјив во обид да го ревидираат планот кој се смета дека ја фаворизира Москва.




