По речиси двочасовната средба со амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Италија, лидерот на ДУИ Али Ахмети избега од новинарите кои прашуваа дали ќе понесе одговорност за настанот во Куманово.
Ахмети ги одмина новинaрите, а неговиот портпарол посочи дека изјава ќе дале амбасадорите.
Веднаш потоа амбасадорите во заедничка изјава посочија дека и ДУИ носат одговорност и треба да осигураат транспарентна истрага за злоупотребие на кредибилен начин.
-Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендов, вклучително и во Советот на безбедност. Ја повикуваме партијата да продолжи да работи со сите страни и институции, како дел од владејачката коалиција, ДУИ е одговорна за спроведување на демократските вредности и принципи. Партијата има обврска да помогне да се изградат државните институции и да осигура транспарентна истрага за откриените злоуопотреби на кредибилен начин.
Се надеваме дека ДУИ ќе ја искористи влијателноста за доброто и иднината на сите македонски граѓани, изјави по средбата во име на сите амбасадори, амбасадорот на Италија во Македонија – Масимо Белели.
Амбасадорите во ист состав попладнево треба да се сретнат и со лидерот на СДСМ – Зоран Заев.




