Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јордановска: „Хоризонти на слободата“ е повик за заедничка акција

0
By Zoran Ivanov on December 6, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 6, 2025 10:29

Биљана Јордановска: ЦИВИЛ ја започна деветдневната општествена, стратешка и мултимедијална програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, посветена на човековите права, демократската отпорност и современите хибридни закани кои се закануваат на слободата и стабилноста на општествата.

Програмата ќе се одвива од 5 до 12 декември 2025, со продолжение на 15 декември, низ низа настани што ги поврзуваат медиумите, институциите, граѓанското општество, младите и меѓународната заедница. Програмата на прес конференција ја презентираше Биљана Јордановска, ЦИВИЛ:

Клучни компоненти на програмата:

5 декември – Отворање и прес-конференција

Со официјална најава, клучни пораки и претставување на партнерите започнува деветдневната иницијатива.

5–8 декември – Медиумска акција и вмрежување

Интензивна кампања со јавни повици, интервјуа, младински активности и презентации на мониторинг-наоди, придружена со проширување на соработките и воспоставување нови партнерства.

8 декември – Меѓународна соработка и брифинг

Онлајн брифинг со меѓународни медиуми и организации, со фокус на хибридните закани и главните теми на програмата.

9 декември – Демократска отпорност: национални и регионални перспективи

Стратешки тркалезни маси со експерти, институции и граѓански организации за зајакнување на демократската инфраструктура и механизми за отпорност.

10 декември – Ден на човековите права

Јавно обраќање, младинска работилница и уметничката инсталација „Human Rights Alive – Човековите права: живи“, посветена на слободата, достоинството и човековата безбедност.

11 декември – Фокус на вештачката интелигенција

Медиумски брифинг и стратешка дискусија за тоа како АИ влијае врз конфликтите, авторитарните тенденции, изборните процеси и иднината на демократијата.

12 декември – Меѓународна конференција

Експерти и учесници од Македонија, регионот, Европа и САД ќе дебатираат на три стратешки панели:
– Украина и глобалната борба за демократија
– АИ, дезинформации и светот во ерата на пост-вистината и пост-срамот
– Европска и глобална демократска отпорност

15 декември – Завршен настан

Претставување на Извештајот од Локалните избори 2025 со стратешки препораки за изборни реформи и демократски стандарди.

Програмата „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ претставува повик за заедничка акција, критичко мислење и солидарност во време на глобални предизвици – со цел да се зајакне отпорната, отворена и демократска Македонија.

Извор: ЦивилМедиа.мк

 

Биљана Јордановска ИНФО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.