Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, попладнево ја напушти Комисијата, револтиран од одлуката на Управниот суд да ги поништи одлуките на изборните комисии на Струга и Кичево. Ова е атентат врз локалните избори, изјави Ибраими, потврдуваат извори од ДИК за НОВА.
Во меѓувреме, во ДИК продолжува ждребањето на кандидатите на опозициските партии.