Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чиста, чиста, чиста Нова Година!

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 16, 2025 13:00

Но, прашањето е едноставно: Што точно значи „македонски“ во оваа формулација? Државјанство? Јазик? Етничка припадност? Или политичка порака внимателно спакувана во културна одлука? Ако Македонија е држава на сите нејзини граѓани, тогаш плоштадот – како најсимболично јавно место – мора да го одразува токму тоа.

Дехран Муратов

Во минатото, кога државата или градот ќе почувствуваа потреба да покажат дека Македонија е мултиетничка, сценариото беше одамна напишано. Секогаш тука беа „докажаните“ – Албанецот Бени Шаќири и ромската кралица Есма Реџепова -Теодосиевска. Доволно за слика, доволно за наратив, доволно за алиби дека „сите сме вклучени“.

Денес, ни тоа не е потребно. Нема веќе мачкање очи, нема симболична инклузија, нема ни обид. Сега е „чисто“. Само „македонски изведувачи“, како што гордо соопшти градскиот татко, Орце Ѓорѓиевски, најавувајќи ја новогодишната програма на плоштадот „Македонија“.

Да се разбереме, немам ништо против артистите Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара и Пајак, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Два Бона и Куку Леле, кои ќе настапат на новогодишната ноќ во центарот на Скопје. Напротив, станува збор за докажани и квалитетни изведувачи.

Но, прашањето е едноставно: Што точно значи „македонски“ во оваа формулација? Државјанство? Јазик? Етничка припадност? Или политичка порака внимателно спакувана во културна одлука?

Ако Македонија е држава на сите нејзини граѓани, тогаш плоштадот – како најсимболично јавно место – мора да го одразува токму тоа. Во оваа држава не живеат само Македонци по етничка линија. Живеат и Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, Срби… и тоа не во „мал број“, туку како рамноправен дел од општеството, културата и – да – музичката сцена.

Зар навистина македонските граѓан(к)и не заслужуваат да ги слушаат и Аделина Тахири, Туна Сејдиу, Адријан Гаџа, Рома Рок Скул, Ален Хасановиќ, Џамбо Агушеви Оркестар…? Зар тие не се дел од оваа сцена, од ова време, од оваа земја? Или нивната музика важи само кога е комерцијално и политички исплатлива, но не и кога сцената е државна и симболична?

Новогодишната ноќ не е обична забава. Таа е порака. А пораката оваа година е јасна – мултиетничноста повеќе не е ниту формалност, ниту алиби, туку товар што треба да се исчисти од официјалната програма.

Ова не е поддршка на домашната сцена. Ова е редефинирање на „домашното“ по етнички клуч. И токму затоа проблемот не е во тоа кој пее, туку кој намерно не е поканет.

Па, за „мир во куќата“, дали следното логично сценарио е паралелна новогодишна прослава на плоштадот „Скендер бег“, со сопствена, исто така „чиста“ програма – за конечно и официјално да признаеме дека Скопје не слави заедно, туку паралелно?

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

дехрам муратов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.