Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: MOK ги додели наградите „Златна Олимпија 2025“: Најуспешна спортистка Милијана Релиќ

0
By Zoran Ivanov on December 17, 2025 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 17, 2025 14:19

Синоќа, во „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“.

Во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, претставници на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и партнери и соработници, МОК ги додели признанијата на хероините на македонскиот спорт – најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички кои ја одбележаа 2025 година.

Златна Олимпија 2025“ останува трајно запаметена како најексклузивното, најблескавото и најпрестижното гала издание до сега – на култното место каде што не само што се слави врвниот спорт, туку и каде што спортот ја напиша својата прва, историска и златна страница во независна Македонија.

Најпрестижното признание, „Најуспешна спортистка за 2025 година“, ѝ припадна на таеквондистката Милијана Релиќ. Таа оствари извонреден успех со освојување на сребрен медал на Г-1 турнирот во Криштианштад, Шведска, заработувајќи клучни 7.20 поени за олимписката ранг-листа за Лос Анџелес 2028, а својот квалитет го потврди и со медал на турнирот во Инсбрук.

Во категоријата „Најдобар женски национален тим“, наградата ја доби Фудбалската репрезентација до 17 години. Овие млади девојки испишаа историја освојувајќи го првото место во квалификациската Б лига, со што обезбедија промоција во елитната А лига за Европското првенство. За овој подвиг, признанието за „Најуспешна тренерка“ заслужено ѝ припадна на нивната селекторка, Катерина Милеска, чија стратегија беше клучна за овој резултат.

Наградата за „Животно дело“ годинава отиде кај вистинска легенда – Стојна Вангеловска, поранешна врвна кошаркарка и првата Македонка носител на олимписки медал, чие име е трајно врежано во темелите на нашиот спорт.

Иднината на македонскиот спорт е светла, што го потврди наградата за „Најнадежна млада спортистка“ доделена на Мери Бошковска. Таа беше клучна фигура во историскиот пласман на ОК „Јанта Волеј Кисела Вода“ во третата рунда од ЦЕВ Лигата на шампионите, каде беше прогласена за МВП на натпреварите против Гацко.

На свеченоста беа доделени признанија и за:

Спортски подвиг: Катерина Шиповиќ, за неверојатната издржливост и освоеното прво место на ултра-трката во Серес, истрчувајќи 202 километри за 24 часа.

Најуспешна судијка: Ема Никочевиќ, првата ФИБА судијка од Македонија, која ја извојува најважната победа – враќање на терените по тешка здравствена битка.

Најуспешна спортска работничка: Гордана Николовска Кузмановска, за беспрекорната организација на ЕМОФ и Скопскиот маратон.

Најуспешна спортска медиумска работничка: Фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева, која неуморно ги документира спортските успеси.

Најуспешна спортистка со попреченост: Фатмире Бајрамоска, освојувачка на сребро во крос-кантри скијање на Зимските Специјални Олимписки игри во Торино.

За промоција на родовата еднаквост, награди добија Ракометната федерација на Македонија, како и Цветанка Макаровски и Ирена Митровска за нивниот придонес во женското лидерство.

МОК додели и специјални плакети за исклучителна поддршка и соработка во развојот на олимпизмот на своите партнери: Димитар Костадинов (Горска), Хари Костов (Комерцијална Банка), Сашо Пешев (New Moment) и Сашо Димитријоски (Телеком).

ѓени ОК прогласи спортиски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.