НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот за болнички туризам го уништи хелиодромот во Градска болница

0
By Менче Атанасова Точи on May 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Болницата „8 Септември“ повеќе нема хелиодром, а хеликоптерот со полицајците кои беа повредени во Куманово бил принуден да слетува кај Базенот во Карпош, односно меѓу стариот Регрутен центар и хотелот „Александар Палас“.

Од овој простор до болницата повредените биле префрлувани со возила, се ризикувало да се изгуби драгоцено време во ситуација кога е важен и делот од секундата, кога повредениот крварили или е во животна опаснот, објаснуваат за НОВА лекарски извори од болницата.

Можеби тоа е причината што овој пат во Градската болница беа донесени мал дел од ранетите полицајци, а поголемиот дел беа хоспитализирани на скопските хируршки клиники.

Директорот на болницата „8 Септември“, Сашо Стојчев вели дека немањето на хелиодром е проблем и потенцира дека е штета бидејќи во болницата имаат ортопеди и хирурзи кои имаат искуство со ваков вид на повреди, кои успешно оперирале ранети за време на конфликтот, но и пред и после тоа.

„Штета е навистина, бидејќи во болницата имаме одлични ортопеди и хирурзи кои имаат искуство и можат да интервенираат во вакви ситуации“, вели за НОВА Стојчев.

Тој вели дека Урбанистичкиот план на Општина Карпош не предвидел простор за оваа намена кога го правеле планот за изградба на новиот ПЕТ Центар, кој се наоѓа зад болницата, на просторот каде што слетуваа хеликоптерите.

„Да точно е дека се губи драгоцено време со пациентите на ваков начин, но тие што го правеле Урбанистичкиот план не го предвиделе ова. Изградбата на хелиодром и негова сигнализација не е скапа инвестиција, но решение треба да се добие од Дирекцијата за цивилна и воздушна пловидба“, изјави за НОВА Стојчев..

Статиката на зградата на болница не може да издржи на нејзиниот покрив да се направи хелиодром. Затоа, треба да се формира Комисија која серизно ќе го разгледа проблемот и ќе одлучува како да се постапи понатаму, велат во Градска болница.

Според Стојчев и хелиодромот кој бил останат од пораншна ЈНА, бил во лоша состојба и имал забрана за употреба. Но, изградбата на ПЕТ Центарот не овозможи негово реновирање, туку просторот е пренаманет, а урбанистичкиот план тука предвидува и улица.

Но, не е само последниот случајот со повредните полицајаци во прашање, така е и со другите итни случаи кои се носат со хеликоптер од Македонија, Косово и други места. За време на акцијата во Куманово хелокоптерот со повредните полицајци слетуваше во Клиничкиот центар, на просторот кој и не е доволно адаптиран за хелиодром.

Дека постои ризик покажува и наредбата од Министерството за одбрана со која се бара да се исечат дрвата околу овој простор, што беше и направено. Информацијата дека Министертвото го побрало тоа, ја потврдија и во Службата за зеднички работи на скопските клиники.

Но, да се вратиме на просторот кај Градската болница(некогашна Воена болница)каде на местото на хелиодромот пред две години започна изградбата на „ПЕТ Центар“. Во овој Центар преку нуклеарно медицинска техника планирано е да се врши прецизна дијагностика на многу тешки болести.

Владата најави дека планира да направи Центар за целиот регион(Бугарија, Албанија, Косово, Северна Грција) и да ги привлече пациентите да доѓаат тука. Она што е апсурдно во целата ситуација е што ваков ПЕТ Центар веќе има во приватната болница Аџибадем Систина.

Покрај ПЕТ Центарот во продолжение на овој простор кај хелиодромот се гради новата болница за кардихиругија на Жан Митрев.

„Постои предлог од кардиохирургот Жан Митрев да иницираме да се изгради хелиодром, бидејќи му е потребен и него и на нас, но просторот веќе не го дозволува тоа“, вели Стојчев.

Камен теменикот на ПЕТ Центарот беше фрлен во ноември 2013 година. Тогаш премиерот Груевски изјави дека Центарот треба да започне да ги прима пациентите во август оваа година. До каде е изградбата веќе никој не спомнува, но од фотографиите може да се види дека градежните работи уште не се завршени.

Хелиодромот веќе никој не го спомнува, немаше ниту информација во јавноста дека тој не постои, а повеќе од очигледно е дека неопходен не само за Градската болница, туку и за Кардиохирургија, а и за потребите на ПЕТ Центарот каде што Владата планира да прави болнички туризам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.