“Една Тамара, еден Зоран, еден Институт за белодробни заболувања кај дечиња неизграден! За многу мајки… и ни еден Никола повеќе”.
Ова е една од пораките на протестот што започна денес во 18 часот пред Владата. Како и досега, пред Владата кордон полицајци ги спречи демонстрантите да протестираат пред зградата на извршната власт па стотиците собрани луѓе заминаа кој Основниот суд и потоа пред Собранието како што тоа се случува од минатата недела.
Како што рече активистката Биљана Гинова, протестот упатува три барања до Владата: оставка на целата Влада, ослободување на лицата притворени по протестот на 5 мај и формирање Влада која ќе ги демократизира институциите.
Стотиците граѓани извикуваат “оставка” и “збогум Никола” и носат ленти на кои пишува #протестирам.