Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на македонската дипломатска служба го поддржа протестот во недела

0
By Сашка Цветковска on May 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2015 16:22

Извршниот одбор на Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) донесе одлука да го поддржи протестот на социјалната коалиција Граѓани за Македонија најавен за недела 17 мај, информираат од СМДС. Тие ќе го повикаат членството да излезе на протест, а исто така, велат дека ќе се заложат и Повелбата за синдикална солидарност да даде поддршка.

На денешната седница Синдикатот одлучил да испрати интерно писмо од Министерот за надворешни работи Никола Попоски, поради, како што велат, неприфатливото однесување на амбасадорката на РМ во Хрватска Даниела Караѓозоска. Повод за писмото од министерот е обраќањето на Караѓозоска на социјалните мрежи во коешто таа ревнозно жали поради оставката на министерката Гордана Јанкулоска.

Во продолжение го објавуваме писмото коешто Синдикатот при МНР му го испраќа на министерот Попоски.

ПРЕКРШУВАЊЕ НА ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

Извршниот одбор беше известен дека амбасадорката Караѓозоска, на својот ФејсБук профил, а каде е дефинирано нејзиното својство, истапила со огромно жалење за оставката на Гордана Јанкуловска (в. во продолжение).

Имајќи го предвид принципот на функционализам од преамбуларниот параграф 4 на Виенската дипломатска конвенција, веруваме дека нашата амбасадорка во Хрватска и повеќе од очигледно го прекршила чл. 3/1-а од истата Конвенција!

Да пратела некој е-мајл или друг затворен облик на комуникација до нејзината другарка, партиска соборка или … Горде и да и’ го кажела ова истото – тоа си е приватна ствар. Ама, истапување во јавност –е рамно на кажување СТАВ НА ДРЖАВАТА!??? Тоа, автоматски значи дека сите ние (не само таа) се идентификуваме со особа за која имаме многу јасни индикации за: прекршување човекови права, злоупотреба на службена дејност, сторени (тешки) кривични дела …

Од тие причини, а имајќи предвид дека веќе имаме историја на отповикување амбасадори за впуштање во јавна, а партиска преписка, сметаме дека е неопходно нашето Министерство, во функција на заштита на професионализмот на Куќава, јавно да се огради од настапот на амбасадорката, нејзе да ја повика на консултации во Земјава, а во зависност од тоа и да се размисли за нејзино отповикување. (крај)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.