Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгледа излеговме од периметарот на Трамп

0
By Zoran Ivanov on January 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 15, 2026 12:29

Дипломатскиот „студен туш“ од Вашингтон за Скопје доаѓа во моментите на историски најблиските односи на САД и Македонија, додека трае прошталната турнеја на амбасадорката Анџела Агелер и кога нашиот премиер Христијан Мицкоски е во „периметарот на луѓето од најтесното опкружување на претседателот Трамп“.

Срѓан Ивановиќ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше апликациите за иселенички визи за лица од 75 земји, а на долгиот список од земји се најдoa и апликантите од Македонија.

Дипломатскиот „студен туш“ од Вашингтон за Скопје доаѓа во моментите на историски најблиските односи на САД и Македонија, додека трае прошталната турнеја на амбасадорката Анџела Агелер и кога нашиот премиер Христијан Мицкоски е во „периметарот на луѓето од најтесното опкружување на претседателот Трамп“.

Дека работата не е наивна, односно првиот знак дека Трамповите административци нешто приготвуваат, беше објавата дека 33 отсто од имигрантите од Македонија во САД користат социјална помош. Тоа укажува дека секој трет наш сограѓанин, а дојде во Америка, не му се работи повеќе, па егзистира со помошта на државата. Точно, процентот на државјаните од Косово е многу поголем, дури 46 отсто. Точно е и дека Косовците, заедно со Албанците, Црногорците и државјаните на БиХ се меѓу водечките корисници на социјална помош во САД, па очекувано беше и нивните земји да се најдат на листата со суспендирани апликации за визи. Да, точно е тоа, ама ниту еден од премиерите на овие земји не е „периметарно“ близок со Трамп. Исто така, ниту една од овие земји нема надворешна политика што во милиметар ја следи американската. Еве баш пред некој ден министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Твитер прв ја пофали акцијата на Трамп во Венецуела, кога американските специјалци го киднапираа од спалната соба венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Не постои правник во светот што нема да ви каже дека акцијата на Американците беше незаконска, односно спротивна на меѓународното право. Сепак, Македонија беше една од ретките земји што великодушно и без задршка го поздрави киднапирањето. И само неколку часови по предупредувањето од Стејт департментот испратено до американските граѓани што се наоѓаат во Иран, нашето МНР испрати идентична порака до македонските граѓани во оваа земја, ургентно советувајќи ги веднаш да ја напуштат Исламската Република, поради влошената безбедносна состојба предизвикана од протестите на иранската опозиција. Сите знаеме дека овие предупредувања немаат врска со секирацијата за безбедноста на граѓаните, туку се во улога на психолошки делувања во водењето на специјални војни. Еве и твитот за Гренланд е спремен и чека на вистинскиот момент.

Искрено не очекував вакво потфрлање на македонската дипломатија, која не успеа да ја „извади“ Македонија од друштвото на Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора, ама и од Танзанија, Либан, Јужен Судан, Судан, Сенегал, Сиера Леоне, Уганда, Того, Тринидад и Тобаго, Уругвај сосе Узбекистан. Никој во светот немаше да забележи дека фали баш Македонија, ако листата осамнеше со 74 земји. Дури и 74 подобро ќе делуваше од 75, ќе делуваше поавтентично, да не речам речиси емпириски, бидејќи вака ми е некако заокружено. Ми делува како Трамп да издал декрет да се укинат визи за 75 земји и овие неговиве што да прават, отвораат тоа атласот и одат по континенти. Кои се наши, а кои не се наши и така до 75. А може и се јавувале по амбасади и министерства и прашувале кој сака да биде на листата. Можеби па нашиве поради „стопроцентната усогласеност во надворешната политика со единствената светска суперсила во светот“ инсистирале и Македонија да се најде на списокот. Рекле нешто во стилот „ако ставете нè, ако така мисли Трамп, тогаш и ние така мислиме. Претседателот го оствари илјадагодишниот сон на секој Македонец, а тоа е Мадуро да биде обвинет за шверц на дрога и сега сè прифаќаме“.

А може и ова е дел од планот на премиерот Мицкоски, кој почна од странство да ги враќа нашинците. Добро, сега никој не беше вратен од САД, ама никој и не отиде, па му доаѓа некако исто. Може е ова договор на Мицкоски со некој од „периметарот“ или уште поубаво со „периметарот“ лично. Зошто да не?

Инаку, тешко ми е за верување дека прославената македонска дипломатија можела да направи таков пропуст. Ме загрижува единствено што на листата со суспендирани визи не се најдоа Србија, Унгарија, Словачка… Што? Нивните кога ќе отидат таму, не примаат социјална помош? Па, тие не се ни во периметарот, ни твитаа за Мадуро, ни за Иран, ниту, пак, за Гренланд дека не е американски ги боли. Неправедно, ама во исто време и периметарно.

Тектот е сопственост на Слободен печат.мк

 

колумна срѓан ивановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.